Смрдлива Вода

бањско место во Гевгелиско

Смрдлива Вода — туристичко место сместено на надморска височина од 712 метри, оддалечено 24 километри од градот Гевгелија.

Поглед на туристичкото место од новоизградената црква „Св. Илија“
Изворите „Смрдлива Вода“

Се наоѓа во атарот на селото Конско, помеѓу врвовите Флора, Аџибарица и Белези. Познат е по минералната вода и нејзината лековитост за стомачни и заболувања на желудникот и бубрезите.

Привлечно-рекреативни објекти

уреди
  • Минерални извори кај народот познати како „Смрдлива вода“ од каде што и целата месност го добила своето име. Се нарекуваат така поради непријатната миризба на водата на „расипано јајце“. По својот хемиски состав се хидрокарбонатни, минерализирани, слабо кисели води. Се користат преку пиење за лекување на стомачните заболувања, потоа камен во бубрегот, песок и поситен камен во мочните патишта, воспаление во мочните органи и сл. Чистиот планински воздух и лековитоста на водата придонеле таа да се користи од месното население уште меѓу двете светски војни, а по втората светска војна се изградиле и капацитети за сместување и престој на посетителите.
  • Терени погодни за развој на планинарењето и спортот, особено во месноста Аџибарица, односно во изворишниот дел на реката Цреша.
  • Пространи дабови и букови шуми како и гол човек (Arbutus andrachne), единствено зимзелено дрво коешто двапати годишно ја менува својата црвеникава и лушпеста кора. Интересно е тоа што кога ќе го допрете, имате чувство дека допирате нежна човечка кожа. Лисјата му се јајцевидни, а цветовите распоредени како гроздови.
  • Квалитетна клима и разновиден дивеч, меѓу кои како раритет се јавува и еленот.

Присуство на злато во Конска Река

уреди

Присуството на злато во Конска Река и нејзините притоки, односно златоносен песок претставува ретка појава во Македонија. Премивањето на злато во минатото овде било доста развиено, па тоа може и денеска да се обнови и ќе претставува особена атракција. Реката Цреша, во својот средиштен дел од текот, изградила една доста интересна кањонеста долина чија десна страна е позната под името „Порта Алева Кечикај“. Кечикај се одликува со мошне стрмни карпи чија височина достигнува и до 500 метри во вертикала. Тоа се доста поволни терени за алпинизам.

Наведените разновидни привлечно- рекреативни елементи овозможуваат развој на повеќе видови туризам, како: здравствен, летувачки, ловен, излетнички и алпинистички.

Културни знаменитости

уреди
Цркви

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди

41°11′30″N 22°16′52″E / 41.19167° СГШ; 22.28111° ИГД / 41.19167; 22.28111