Колешински Водопад
Колешински Водопад — водопад сместен во југоисточниот дел на Република Македонија, на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на реката Баба, на надморска височина од 500 м.
Колешински Водопад | |
---|---|
Поглед на Колешинскиот Водопад | |
Место | Баба, Беласица, Општина Ново Село |
Највисок слап | 15 м |
Се вбројува меѓу највисоките водопади во Македонија со височина од 15 м, со широчина на падот од околу 6 м. Според постанокот тој е тектонски водопад, создаден во гранитни камења. Спротиводно од Колешинскиот Водопад, на оддалеченост од околу 100 метри се наоѓаат уште неколку помали водопади распоредени во низа, високи од 2 до 4 метри, кои припаѓаат на неговиот средиштен слив.
Со покачувањето на температурите расте и бројот на гостите што секојдневно доаѓаат тука. Во просек Колешинските Водопади дневно ги посетуваат помеѓу 400 и 500 туристи, а за време на викендите ова бројка е двојно поголема.
Сабота и недела за време на викендите таа бројка може да достигне некаде до 1.000 туристи, а кога би имало сместувачка способност тоа би било многу повеќе бидејќи и во работните денови би останеле гостите тука. Накратко кажано, потенцијал за развој на туризмот веќе постои — вели Петар Спасов, градоначалник на Општина Ново Село.
Галерија
уреди-
Колешинскиот Водопад
-
Поглед на Колешинскиот Водопад
-
Слапови над Колешинскиот Водопад
-
Реката Баба
-
Патеката кон Колешинскиот Водопад
-
Околината околу Колешинскиот Водопад
-
Едно од мовчињата на реката Баба
-
Поглед на Колешинскиот Водопад
-
Поглед на Колешинскиот Водопад
-
Поглед на Колешинскиот Водопад
-
Околината околу Колешинскиот Водопад
-
Патоказ кон Колешинскиот Водопад
-
Поглед на Колешинскиот Водопад
-
Поглед на Колешинскиот Водопад
Надворешни врски
уреди- Колешински Водопад на Ризницата ?