Ера е многу долг период на геолошкото време. Формално, дел од геолошко време што е второ по должина (подолги се еоните). Познати се три ери: палеозоик, мезозоик и кенозоик. Бидејќи е тешко да се утврди точната хронологија, прекамбриските или најраните ери се класификувани одделно. Ерата е составена од еден или повеќе геолошки периоди.