Брајчинска Река

река во Македонија

Брајчинска Река (локално: Стара Река) — река во Македонија, сместена на западните падини на планината Баба, југоисточно од градот Ресен.[1]

Брајчинска Река
Стара Река
Поглед на Брајчинска Река низ самото село Брајчино
Местоположба
Физички особености
Извор 
 • местоБаба
Устие 
 • место
Преспанско Езеро
 • координати
40°53′55″N 21°5′36″E / 40.89861° СГШ; 21.09333° ИГД / 40.89861; 21.09333
Големина на сливот71,1 км2[1]
Особености на сливот
ТечениеПреспанско Езеро

Поминува низ селото Брајчино, од каде и го добила своето име. Реката го дели селото на два дела. На крајот се влева во Преспанското Езеро.[1]

Зафаќа сливно подрачје од 71,7 км2.[1]

Особеност

уреди

Реката е позната по ендемскиот вид на поточна пастрмка „брајчинска пастрмка“ (Salmo Pelistericus), која живее само во слатките води на оваа река.[2]

Воден потенцијал

уреди

На Брајчинска Река се изградени две хидроелектрани со различна моќност, со што се искористува големиот воден потенцијал, кој го поседува реката. Едната хидроелектрана е во сопственост на претпријатието „Мали хидроелектрани“ со годишно производство од 2.692,80 MWh.[3][4] Втората електрана е во сопственост на претпријатието „ПСС“.[4]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 14. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  2. „Почувствувајте ја божествената убавина на селото Брајчино“. ЦрноБело. Посетено на 22 ноември 2016.
  3. „Портфолио“. Фероинвест. Скопје. Архивирано од изворникот на 2016-08-19. Посетено на 22 ноември 2016.
  4. 4,0 4,1 Павковиќ, Зденка (4 април 2014). „Се грижам за мала хидроцентрала, а порано бев земјоделец“. Дневник. Скопје: МПМ Македонија. Посетено на 22 ноември 2016.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди