Црвени Стени
Црвени Стени (грчки: Σπήλαιο Πετραλώνων = „Петралонска Пештера“) — пештера на полуостровот Халкидик во месноста Камени Гумна кај с. Теклели (Петралона), 35 км југоисточно од Солун, Егејска Македонија. Тука се откриени најастарите човечки останки во светот. Се работи за човечки череп четвриот леден период кој според одликите потекнува од времето меѓу хомо еректус и хомо сапиенс, со старост меѓу 500.000 до 100.000 години. Овој пронајдок на човек од Егејска Македонија е постар дури и од познатиот Неандерталец од Германија, чија старост се проценува на 30.000–100.000 години.
Со пронајдокот од Егејска Македонија се рушат и теориите за Неандерталецот како најстар предок на човекот, особено што и други пронајдоци од најново време покажале дека тој бил суштество сосем различно од човекот или некаков човечки предок.
Оваа статија поврзано со археологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |