Длабока Река (албански: Proi i Fel) — река во западна Македонија, лева притока на Рибничка Река, која пак е десна притока на Радика[1]. Буковите шуми во нејзиното течение се прогласени за светско наследство на УНЕСКО[2]. Извира под високите врвови на Кораб, образувајќи стрмна долина која претставува единственото место со алпска клима во Македонија[3].

Долината на Длабока Река со Корапскиот Водопад во позадина

На неа се наоѓа познатиот Корапски Водопад, највисокиот водопад во Македонија од 136 метри, кој се јавува под врвот Мал Кораб во пролетните месеци со топењето на снегот.

Реката тече покрај напуштеното село Жужње, па во клисурата под селата Нистрово и Бибање и потоа се влева во Рибничка Река.

Светско наследство Уреди

На седницата на УНЕСКО во 2021 г. буковите шуми во долината на Длабока Река се прогласени за светско наследство поради нивната недопреност како дел од целината „Букови прашуми во Карпатите и други региони на Европа“. Предлагач на ова подрачје биле Министерството за животна средина и просторно планирање и Националниот парк Маврово.[2]

Галерија Уреди

Наводи Уреди

  1. Апостолски, Михаило (1984). Природни и социо-географски одлики на зоните на номадските и полуномадските сточарски движења во Македонија. МАНУ.
  2. 2,0 2,1 „УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско природно богатство“. Република. 29 јули 2021. Посетено на 30 јули 2021.
  3. Зиков, Михаило. Клима и климатска регионализација во Република Македонија, „Географски разгледи“, бр. 30, Скопје, 1995