Отвори го главното мени

Гора (област)

област во денешно Косово и Албанија

Гораисториско-географска област која се наоѓа помеѓу областите Љума и Полог. Од планините Коритник на север, на југ од мостот Торбешки. Во крајниот југозападен дел на Косово[б 1] има околу 18 села и 1 гратче распослани на јужниот дел на северозападната падина на Шар Планина) и североисточниот дел на Албанија 10 села. Областа е планинска, со густи зимзелени шуми (гори) и низ него протекува реката Бел Дрим, а во делот под Косово се наоѓа изворот на реката Црн Камен (притока на Радика).

Гора
историско-географска област
Населени места во Гора
Населени места во Гора
Земји Албанија
 Косово
 Македонија
(население во Горни Полог)
Површина
 • Проценка500 км2 (200 ми2)
Население
 • проц. од (2011)40 000
 • Густина80/км2 (200/ми2)

Содржина

ГеографијаУреди

Планинска ообласт што се наоѓа помеѓу планините Шара, Кораб и Коритник, во горниот тек на реката Љума, лева притока на Бел Дрим. Површината на областа изнесува 433 км2. Од нив во Косово (Призренска Гора) се 385,6 км2. Најголем простор е покриен со пасишта — 303 км2, што овозможило да се развие сточарството, и тоа претежно овчарство. Делот на Гора во Албанија се нарекува Кукушка Гора според недалечниот град Кукуш (Кукс).

НаселениеУреди

Горанците се посебен народ. Сепак, многумина од нив се самосознаваат како Македонци од исламска вероисповед. Во Косовскиот дел на Гора живеат околу 25 000 жители во најголемо мнозинство (околу 82 %, според тврдењата на Здружението на Македонците од Гора во Албанија) Македонци со муслиманска вероисповед познати под името Горанци (Горани) кои говорат македонски јазик. Други тврдат дека зборуваат српски јазик, а трети дека зборуваат бугарски.

Поради тешко пристапниот предел населението на Гора (особено во Косово) постојано се намалува, па така од некогашните 25.000 жители на косовскиот дел на Гора денес живеат околу 15 000 жители. Горанци од Гора често се селат во Македонија, а 10 000 од нив имаат и македонско државјанство.

Потеклото на населението е словенско. Во поголем дел е староседелско. Подоцна имало и мали доселувања на Власи.

Села во ГораУреди

Призренска Гора (Косово)Уреди

Населени места во Призренска Гора (Косово)
Населено место Службено име Општина Население
(2011)[1]
Српски Албанизирано
Бачка Бачка / Баћка Baçkë / Baçka Драгаш / Шара &1000000000000005200000052
Брод Брод Brod Драгаш / Шара &100000000000015540000001.554
Враниште Враниште Vranishtë Драгаш / Шара &10000000000000352000000352
Глобочица Глобочица Glloboçicë / Glloboqicë Драгаш / Шара &10000000000000960000000960
Горна Рапча Горња Рапча Rapçë (неоф. Rapçë e Epërme) Драгаш / Шара &10000000000000853000000853 (со Д. Рапча)
Горни (Мал) Крстец Горњи (Мали) Крстац Kërstec (неоф. Kërsteç i Epërm) Драгаш / Шара &10000000000000420000000420 (со Г. Крстец)
Диканце Диканце Dikancë Драгаш / Шара &10000000000000124000000124
Долна Рапча Доња Рапча Rapçë (неоф. Rapçë e Ulët) Драгаш / Шара &10000000000000853000000853 (со Г. Рапча)
Долни (Голем) Крстец Доњи (Велики) Крстац Kërstec (неоф. Kërsteç i Ulët) Драгаш / Шара &10000000000000420000000420 (со Д. Крстец)
Драгаш Драгаш Dragash / Sharr Драгаш / Шара &100000000000010980000001.098
Зли Поток Зли Поток Zlipotok Драгаш / Шара &10000000000000650000000650
Крушево Крушево Krushevë Драгаш / Шара &10000000000000857000000857
Кукаљане Кукуљане Kukjan Драгаш / Шара &10000000000000235000000235
Лештане Лештане Leshtan Драгаш / Шара &10000000000000783000000783
Љубовишта Љубовиште Lubovishtë Драгаш / Шара &10000000000000773000000773
Млике Млике Mlikë Драгаш / Шара &1000000000000009200000092
Орчуша Орчуша Orqushë Драгаш / Шара &1000000000000006000000060
Радеша Радеша Radeshë Драгаш / Шара &100000000000012240000001.224
Рестелица Растелица Restelicë Драгаш / Шара &100000000000046980000004.698
Напомена: Горна и Долна Рапча и Горни и Долни Крстец административно се сметаат за целини — села Рапча и Крстец. Затоа, населението е дадено заедно, бидејќи статистичката служба ги смета горното и долното село за маала. Оттука, други називи се „Големо“ и „Мало“.

Кукушка Гора (Албанија)Уреди

Населени места во Кукушка Гора (Албанија)
Населено место Албанизирано Општина Население
Борје Borje Кукуш
Запод Zapod Кукуш
Кошаришта Kosharisht Кукуш
Ново Село Novosej Кукуш
Оргоста Orgjost Кукуш
Орешек Oreshkë Кукуш
Очикле Orçikël Кукуш
Пакишта Pakisht Кукуш
Црнолево Cërnalevë Кукуш
Шиштавец Shishtavec Кукуш

Села во МакедонијаУреди

Горански села во Македонија (вон областа Гора)
Населено место Албанизирано Општина Население
(2002) [2]
Јеловјане Jellovjani Боговиње 599
Урвич Urviçi Боговиње 756

Тековни состојбиУреди

Македонците што живеат во делот на Гора што ѝ припаѓа на Албанија се организирани во свое македонско здружение кое е во најтесна соработка со здруженијата на Македонците од Мала Преспа и Голо Брдо и преку заеднички активности се залагаат за поголеми малцински права на Македонците во Албанија. Во 2005 г. Здружението на Македонците од пределот Гора во Албанија достави барање до албанската влада за воведување на македонскиот јазик во училиштата во селата во Гора. На Косово исто така постои вакво здружение — Македонската горанска заедница на Косово.

Состојбата со Македонците од делот на Гора што припаѓа на Косово е многу тешка бидејќи тие се под секојдневен голем притисок на претставниците на Србите и Бошњаците (а во последно време се почесто и од Албанците) од Косово, да се изјаснат како Срби или Бошњаци. Врз Горанците се поголеми притисоци вршат и Бугарите кои имаат за цел да прикажат дека во Косово живеат и Бугари со исламска веросиповед, а во соработка со косовските политичари. Ова наишло на остра осуда од Сојуз на Македонците со исламска религија. [3]

Актуелна е состојбата на изградбата на граничниот премин Стрезимир - Рестелица помеѓу Македонија и Косово, за кои Горанците сметаат дека ќе им се овозможи поголеми врски и контакти и полесен пристап до нивната матична земја.

ИсторијаУреди

Етимологијата на зборот „Гора“ е старословенска со значење „планина, планински“.

Прв пат Гора се спомнува во 1348 г. во указ на царот Стефан Душан како жупа во Српското Царство, кога седум села ги подарил на манастирот „Свети Архангели’ кај Призрен[4]. Второто спомнување на Гора е од 1452/5 г. во турски дефтери како „нахија Гора“ во Османското Царство. По Балканските војни влегува во Србија, а по Првата светска војна, со создавањето на Кралството СХС во 1925 г. е поделена од страна на меѓународната комисија за разграничување. На тој начин 10 села со своите атари се припојуваат кон Албанија.

Исламот прв пат се појавува во Гора во 1690 г. Првото село што целосно се исламизирало, било селото Крстец, а последно било селото Брод. Последната христијанка, Баба Божана, умрела во селото Брод во 1856 г.

ПоврзаноУреди

БелешкиУреди

  1. Косово е предмет на територијален спор помеѓу Република Србија и Република Косово. Како странски протекторат, Косово прогласило независност на 17 февруари 2008 г, но Србија и понатаму не го признава и тврди дека е нејзина суверена територија. Независноста на Косово не е целосно признаена од меѓународната заедница. Досега го признале 113 од вкупно 193 земји членки на ООН.

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди