Плавуш (планина)

планина во југоисточна Македонија
(Пренасочено од Плауш)

Плавуш или Плауш — мала ниска планина што се простира во средишниот и југоисточниот дел на Македонија, а претставува продолжение на Градешка Планина, со правец на протегање сз–ји. Највисока точка е котата 997 м. Таа е западно продолжение на планината Беласица каде е одделена со падините во селото Костурино. Составена е од амфиболити, кристалести шкрилци и кварцити. Осамените и ниски врвови завршуваат со сиви варовници. Планинските страни спрема Крива Лакавица и Бела Река се терасирани и дисецирани со абразиони и флувијални процеси[1].На северозапад се соединува со Градешка Планина, а на север се наоѓа реката Водочница и селото Водоча, и планината Смрдеш. На југозапад од Плавуш е областа Бојмија, а на североисток е Струмичкото Поле.

Плавуш
планина
Регион Македонија Македонија
Се граничи со Градешка Планина
Највисока точка
 - височина 997 м
Ова е статија за планината. За селото видете тука

Наводи

уреди
  1. Апостолски, Михајло (1984). Природни и социо-географски одлики на зоните на номадските и полуномадските сточарски движења во Македонија. МАНУ.