Мал Кораб
Мал Кораб | |
---|---|
Висина | 2.683 м |
Место | Македонија Македонија |
Венец | Кораб |
Прво освојување | непознато |
Мал Кораб — врв во средишниот дел на главниот срт на протегање на планината Кораб, во Република Македонија. Неговата височина изнесува 2.683 метри[1].
Местоположба
уредиСе наоѓа во средишниот дел на планината на главниот срт, во непосредна близина на границата меѓу Македонија и Албанија, но сепак целосно припаѓа на македонска територија. Според местоположбата на врвот Мал Кораб се наоѓа на координатите 41°46'15" северна географска широчина и 20°32'08" источна географска должина[1], западно од селото Нистрово[2]. Поточно, врвот Мал Кораб е сместен непосредно на север над долината на Длабока Река и познатиот Корапски водопад, додека понатаму на север преку седло со камењар-сипар тој е веднаш непосредно поврзан со повисокиот врв Малокорапска Стена (Мала Корапска Врата) (2725 м.). До врвот Мал Кораб води обележана планинарска патека која води од долината на Длабока Река и Корапскиот (Пројфелски) водопад до самиот врв, а потоа преку превојот Мала Корапска Врата продолжува до највисокиот врв Голем Кораб. На самиот врв Мал Кораб постои кота односно пирамида изградена од бетон, која го означува врвот.
именување
уредиСе одликува со величествен изглед, поради стрмниот и вертикален карпест стеновит блок кој ја сочинува јужната падина и сипарот од камења на источната падина каде неговата северна падина стрмно се спушта до преслапот кој го поврзува со Малокорапска Стена, поради што е забележителен и видлив и од многу големи далечини. Поради забележителниот изглед кој го има Мал Кораб со соседниот карпест и стеновит врв Малокорапска Стена кој е налик на кораб, односно брод кој плови, е именувана и е добиено името на целата планина[3]. На некои топографски карти, врвот Мал Кораб е означен и како Кепи Бард (име кое го носи друг врв веднаш источно наспроти врвот Голем Кораб) и само како Кораб.
Галерија
уреди-
Поглед на Мал Кораб (лево) и Малокорапска Стена (Мала Корапска Врата) (десно)
-
Поглед на Мал Кораб и истоименото Малокорапско ледничко езеро во подножјето
-
Поглед на Мал Кораб (лево) и Малокорапска Стена (десно) над долината на Длабока Река
-
Поглед на Мал Кораб
-
Поглед на Мал Кораб (лево), Малокорапска Стена (средина) и највисокиот врв Голем Кораб (десно)
-
Поглед на Мал Кораб (лево) и Малокорапска Стена (десно)
-
Поглед на вертикалната карпеста јужна падина на врвот Мал Кораб
-
Поглед од исток кон Мал Кораб
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Светозар Петковски, Драган Василевски, Владо Матевски, Claudio Orlandini и 28 други автори (2011). „Студија за ревалоризација на заштитено подрачје Маврово“ (PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. Посетено на 7 ноември 2017.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Петрушевски, Илија (2012). Попис на врвовите во Република Македонија. Тетово: Хартија Комерц. стр. 13.
- ↑ Според кажување на овчар од Албанија. Забележале Марио Шаревски, Зоран Тодоровски, Крумислав Јововски, Васко Кически на 27 јули 2019