Даб

род на листопадни дрва
Даб
Листови и желади на
разни видови даб
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Ред: Буковидни
Семејство: Буки
Род: Даб
L.
Видови

во текстот.

Македонски даб (Q. trojana syn. macedonicus
Напречен пресек на даб плутник
Ракија ставена да одлежува во дабови буриња

Даб (науч. Quercus) — род на дрвја и грмушки со околу 600 вида. Автохтон е на северната полутопка и има листопадни и зимзелени претставници што виреат од умереноконтиненталните до тропски предели во Европа, Азија и Америка. Земајќи ја предвид општата разновидност, за центар на ендемизмот на дабовите се смета Северна Америка, особено Мексико.[1]

Дрвото има спирално распоредени листови со брановидни рабови, а постојат и видови чии рабови се назабени или сосем мазни. Лисјата на голем број видови не паѓаат на есен, туку дури на пролет. По ова излегуваат цветовите, кои имаат облик на реси. Плодот е орев наречен желад сместен во чашичка, со по една семка и узрева за 6–18 месеци, зависно од видот. Постојат и зимзелени видови, но не сочинуваат посебна група.

Видови уреди

Дабот припаѓа на групата скриеносеменици и има неколку подрода со повеќе оддели, опфаќајќи повеќе од 600 вида.

Видови во Македонија уреди

Во Македонија дабот е мошне застапен по целата територија, и тоа со девет вида и голем број на подвидови. Дабовите дрвја зафаќаат 40% од шумата во земјата и сочинува една четвртина од дрвната маса што се одгледува во стопанското шумарство.[2] На територијата на земјата растат следниве видови:[3][4]

Употреба уреди

Дабовото дрво има густина од околу 0,75 г/см3 и со тоа е мошне силно и тврдо, со голема отпорност од инсекти и габични болести поради тоа што содржи доста танин. Дрвото наоѓа примена во градителството уште од најстаро време. Во средниот век од граѓата се изработувале тавански греди, костури и дрвена поплочување на ѕидовите. Дрвото од дабот стежер (Q. robur) и дабот горун (Q. petraea)[5] во Европа традиционално се користеле во за изградба на воени бродови и гредни рамки за ѕидови на куќи. Денес ова дрво понатаму ужива популарност во изработката на мебел, паркет, гредни конструкции и фурнир. Од европските и американските дабови се прават буриња за созревање на вино, ракија, виски, бренди, шери. Од видот на дабот од кој се направени бурињата зависи и аромата на виното. Светските производители бираат помеѓу францускиот и американскиот даб за буриња, но во Македонија се користи и домородниот даб кој дава уште погусто дрво од францускиот.[6]

Во Јапонија од дабово дрво се прават тапани како оние на „Јамаха“.

Од кората на дабот плутник (Q. suber) се добива плута за тапи. Овој вид е застапен во Средоземјето, со тоа што речиси сета плута во светот се произведува во Португалија, Шпанија, Алжир и Мароко. Од северноамериканските видови, најценет за дрвена граѓа е црвен даб (Q. rubra), погоден за надворешна употреба поради отворените капилари. Поширока примена наоѓа и белиот даб (Q. alba), особено за вински буриња. Највеќе граѓа во Европа се добива од стежерот и горунот, но мошне квалитетно дрво даваат и зимзелените видови како и дабот црника (Q. ilex) и плутникот.

Бидејќи кората е богата со танинско црнило со кое се штави кожа. Од желадите се прави брашно или истите се печат и од нив се прави напиток.

Дабовите „шишарки“ (гали) се всушност заболување на дрвото, но со векови биле извор на мастило за ракописи.

Културно значење уреди

 
Златната круна од дабови гранчиња и ковчежето на кралот Филип II во музејот во Кутлеш.
 
Златни дабови гранки на грбот на Претседателот на Македонија

Во македонската култура уреди

Дабот е мошне застапен како симбол за цврстина, храброст и истрајност, па затоа има значајна симболика за македонскиот народ.

Како таков, македонскиот даб е еден од симболите на Македонија и е претставен на Грбот на Претседателот на Македонија. Неговата симболика во македонската култура води прастари корени, кои се заеднички и со другите индоевропски народи (погл. митологијата подолу). Од особено значење е претставувањето на дабови гранчиња и желади во злато на круните на македонските кралеви.[7] Во минатото извесни дабови дрва се обожувале како нешто натприродно и им се принесувале дарови. Овој обичај, помешан со христијански обреди, постои и денес и се практикува во извесни делови од земјата. Изворите што излегуваат од подножјето на старите дабови се сметале за волшебни, обдарени со со натприродни моќи. Постоело силно верување дека ваквите дрва не смеат да се сечат дури ни кога се самите паднати, бидејќи за таков престап следува многу зла клетва.[8]

Паганските обичаи и верувања за дабот опстоиле до денес во облик на бадниковите гранчиња за Коледа[9] спроти Божик и садење на даб при основање на манастир. Оттука, највеќето манастири во Македонија имаат даб во своео предворје.

Во други европски земји уреди

Од слични причини дабот важи за национално дрво и во Англија, Естонија, Франција, Германија, Романија, Молдавија, Латвија, Литванија, Полска, САД, Велс, Галисија, Бугарија и Србија.[10]

Во општата јужнобалканска митологија ова е свето дрво на врховниот бог и еден таков примерок го заземал главно мето во неговото светилиште во Додона, Епир, чие шумолење на листовите се толкувало како негово обраќање.[11]

Дабот е важно дрво во старите верувања на разни народи, каде ова дрво обично претставува симбол и свето растение на врховните богови-громовници. Во словенската митологија, ова е дрвото на Перун.

Во нордиската митологија, дабот важи за свето дрво на громовникот Тор. Според една предание, за време на христијанизацијата на Германите, Свети Бонифациј ги сотирал светите дабови на германскиот род Хати и од нив правел цркви, а улогата на свето дрво ѝ ја предал на елата (чиј триаголен облик го симболизирал Светото Тројство).[12] Слични усилби во своите мисии правел и македонскиот светител Константин Филозоф, трудејќи се да ги хирстијанизира Аланите и околните народи. Притоа дабот го исекол со триесет и три удари, симболизирајќи ја возраста на која воскреснал Исус Христос.

Дрвото е свето на балтичкиот бог Перкунас и нему истоветниот пруски бог Перкунс. Дабот има важна улога и во келтската митологија, посевен на богот Таран. Од пракелтскиот назив за даб впрочем потекнува и поимот друид, со значење „силен (во знаење)“.[13]

Веројатна причина за поврзувањето на дабот со громовите е фактот што во ова дрво удираат забележително повеќе громови од другите дрва со споредлива големина.[14]

Македонска топонимија наречена според дрвото уреди

Дабот како тема во уметноста и во популарната култура уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. C. Michael Hogan. 2012. Oak. ed. Arthur Dawson. Encyclopedia of Earth. National Council for Science and the Environment. Washington DC
  2. Соња Никчевиќ, уред. (2008). ЈП Македонски шуми : 1998-2008. Скопје: ЈП „Македонски шуми“. ISBN 978-9989-2474-7-7.
  3. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Даб“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. стр. 420. Text "series " ignored (help)
  4. „Список на стопански важни шумски видови дрвја“ (PDF). Службен весник на РМ, Бр. 131. 2008-10-17. стр. 23. Посетено на 2013-09-28.
  5. збунувачки е тоа што дрвопреработувачите и горунот (Q. petraea) го нарекуваат „македонски даб“ поради неговата застапеност во земјата, но ова е ботанички сосем неисправно.
  6. Вистината за дабот и виното Архивирано на 8 декември 2013 г. — „Стипико“ (македонски)
  7. Космо Архивирано на 27 јули 2013 г. (македонски)
  8. „Македонски даб — симбол на вечноста“. Македонска нација. 2011-01-05.
  9. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Бадник“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. стр. 115. Text "series " ignored (help)
  10. „Oak as a Symbol“. Venables Oak. Архивирано од изворникот на 2013-05-05. Посетено на 26 September 2012.
  11. Frazer, James George (1922). The Golden Bough. Chapter XV: The Worship of the Oak.
  12. von Staufer, Maria. „The Chronological History of the Christmas Tree“. The Christmas Archives. Посетено на 2010-02-07.
  13. Taylor, John W. (септември 1979). "Tree Worship", Mankind Quarterly, стр. 79–142.
  14. „Oak“. A Dictionary of Literary Symbols. Cambridge. Отсутно или празно |url= (help)
  15. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 110-111.
  16. Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 55.
  17. Danilo Kiš, „Svojevrsna parodija francuske književnosti“, во: Rejmon Keno, Stilske vežbe. Beograd: Rad, 1977, стр. 124.
  18. Блаже Конески, 'Везилка. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 38.
  19. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 67.
  20. Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 31.
  21. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 68.

Надворешни врски уреди