Тетреб
Тетреб | |
---|---|
Голем тетреб (Tetrao urogallus) | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Кокошковидни |
Семејство: | Фазани |
Потсемејство: | Тетреби |
Род: | Тетреб Linnaeus, 1758 |
Видови | |
голем тетреб (Tetrao urogallus) |
Тетреб (науч. Tetrao) е род на птици од потсемејството на тетребите (Tetraoninae). Постојат четири вида:
- мал тетреб (Tetrao tetrix)
- кавкаски тетреб (Tetrao mlokosiewiczi)
- голем тетреб (Tetrao urogallus)
- црноклун тетреб (Tetrao parvirostris)
Во Македонија живеат малиот и големиот тетреб.[1]
Изумрени видови
уредиФосилните наоди за родот се мошне обемни:
- Tetrao conjugens (ран плиоцен, Средна Европа)
- Tetrao rhodopensis (ран плиоцен, с. Дорково, Бугарија)
- Tetrao partium (ран плиоцен ран плеистоцен, Југоисточна Европа)
- Tetrao macropus (доцен плиоцен - ран плеистоцен, Унгарија)
- Tetrao praeurogallus (ран до среден плеистоцен, Источна Европа)
- Tetrao tetrix longipes (плеистоцен, Западна Европа)
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Некритички список на птиците во Македонија — Методија Велевски, Македонско еколошко друштво, 10 септември 2012