Јачмен
Јачмен | |
---|---|
![]() | |
Поле со јачмен во Македонија | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Монокотиледони |
Нерангирано: | Комелиниди |
Ред: | Тревовидни |
Семејство: | Треви |
Потсемејство: | Ливадарки |
Род: | Јачмен |
Вид: | Јачмен (обичен)[1] |
Биномен назив | |
Hordeum vulgare L. |
Јачменот (науч. Hordeum vulgare) е растение од родот јачмен, што се смета за еден од најстарите житарки во Европа. Се користи уште од камено време, култивиран во древниот Египет, Месопотамија и во подрачјето на Европа. Во Вавилон од јачменот правеле каша и пиво, а во стариот век пржениот јачмен бил многу важна животна намирница. Се користи за производство на леб, пиво, сточна храна и др. Јачмен е житарица која успева во ладните предели.
Јачменот се дели на три врсти:
- дворедни (-{Hordeum distichum}-), кои најмногу служат за производство на пиво
- повеќередни (-{Hordeum polystichum}- и -{Hordeum vulgare}-);
- преодни (-{Hordeum intermedium}-)
Хранливи карактеристикиУреди
Јачменот е одличен извор на прехранбени влакна и содржи и растворливи и нерастворливи влакна. Растворливите влакна се делотворни во намалувањето на холестеролот во крвта и можат да го намалат ризикот од срцеви заболувања. Научниците утврдиле дека еден тип растворливи влакна, бета-глукан, е примарна компонента на јачменот која е одговорна за намалување на холестеролот.

Клиничките студии покажале дека конзумирањето на целовитиот јачмен или јачменови производи како што се јачменови зрна, јачменови житарици или јачменово брашно овозможуваат најмалку 3 грама бетаглукански растворливи влакна дневно, со делотворно смалување на вкупниот и ЛДЛ холестерол. Студиите исто така покажале дека со зголемувањето на дневното внесување на овие растворливи влакна, резултира уште поголемото намалување на вкупниот и LDL холестерол.
Една четвртина филџан неварено јачменово зрна (отприлика една чаша варен јачмен) содржи околу 2,5 грама бета глукан растворливи влакна. Половина филџан неварени јачменови житарици содржи околу 2 грама бета глукан растворливи влакна.
Растворливите влакна исто така се користат за намалување и апсорбирање на шеќерот и намалување на ризикот од развивање на дијабетис тип 2.
Кага се во прашање нерастворливите влакна во јачменот, тие помагаат во воспоставување на редовно празнење на цревата и можат да помогнат во намалувањето на ризикот од одреден облик на канцер, како што е на дебелото црево. Особено конзумирањето на храна богата со растителни влакна може да го зголеми и продолжи чувството за ситост, што е важно за одржување на оптимална телесна тежина и превенција на гоење.
Холестерол и мастиУреди
Покрај сите билки, јачменот е природен без холестерол и има мал дел на масти. Половина чаша јачменови зрна содржат помалку и од ½ грам масти и само 100 калории.
Витамини и минералиУреди
Јачменот содржи неколику витамини и минерали вклучувајќи го ниацин (витамин Б3), тиамин (витамин Б1), селен, железо, магнезиум, цинк, фосфор и бакар.
АнтиоксидансиУреди
Јачменот содржи антиоксиданси кои исто така се многу важни за одржување на доброто здравје. Антиоксидансите делуваат така што ја намалуваат стапката на оксидациското оштетување со собирање на слободни радикали кои настануваат кога телесните ќелии користат кислород.
ФитохемикалииУреди
Јачменот содржи фитохемикалии што се природни хемикалии кои се наоѓаат во билките. Студиите покажале дека фитохемикалиите можат да го намалат ризикот од заболување од одредени срцеви болести, дијабетис и рак. Меѓутоа, потребни се додатни истражувања како би се потврдиле овие резултати.
Потврда на FDA за позитивните учиноци на јачменотУреди
Американската FDA (Управа за храна и лекови) после анализите на научните докази и студии, потврдила дека додавање на јачменот на здравата исхрана може да го намали ризикот од срцевите заболувања и намалувањето на вкупниот и LDL холестерол, т.е. да го финализира правилото со кое се дозволува производите кои содржат јачмен на своите пакувања можат да носат ознака дека растворливите влакна се корисни за срцето.
Произведен јачмен во МакедонијаУреди
Произведен јачмен во Македонија (во тони) (2001-2020)[2] |
![]() |
Јачменот како тема во уметноста и во популарната култураУреди
- „Девојката го колне јачменот“ (Дјевојка јечам проклиње) - српска народна песна.[3]
ГалеријаУреди
Нива со созреан јачмен во Македонија
Нива со созреан јачмен во Македонија
Созреани класје на јачмен во Македонија
НаводиУреди
- ↑ „Hordeum vulgare“. Обединет таксономски информативен систем. (англиски)
- ↑ Организација за исхрана и земјоделство на ООН (FAO)
- ↑ Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 37.
ЛитератураУреди
- McGee, Harold (1986). On Food and Cooking: The Science and Lore of the Kitchen. Unwin. ISBN 0-04-440277-5.
Надворешни врскиУреди
„Јачмен“ на Ризницата ? |
- Chisholm, Hugh, уред. (1911). . Енциклопедија Британика. 3 (11. изд.). Cambridge University Press.
- Barley Information for Growers, eXtension Архивирано на 18 септември 2015 г.
- Encyclopedia of Life