Јасен

род растенија
Јасен
Бел (обичен) јасен (Fraxinus excelsior)
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Астериди
Ред: Усноцветовидни
Семејство: Маслинки
Род: Јасен
L.[1]
Видови

во текстот.

Гранче од полски (долголисен) јасен
Семе на обичниот јасен
Црн јасен

Јасен (науч. Fraxinus) — род на цветни растенија од семејството на маслинките (Oleaceae). Опфаќа 45-65 вида на средни до големи дрва кои се претежно листопадни, со неколку суптропски зимзелени видови. Листовите се спротивно поставени и непарно перести, но и прости кај неколку вида. Семето се содржи во плодови кои се крилести оревчиња.

Во Република Македонија, како автохтони се застапени белиот или обичен јасен (F. excelsior), полскиот јасен (F. angustifolia) и црниот јасен (F. ornus).[2]

Некои видови

уреди
западен Палеарктик (Европа, северна Африка и југозападна Азија)
источен Палеарктик (средна и источна Азија)
западна и југозападна Северна Америка
источна Северна Америка

Екологија

уреди

Јасеновите лисја се храна за гасеницитее на некои видови пеперуги и молци.

Употреба

уреди

Јасеновото дрво е тврдо и густо (над 710 кг/м3 кај обичниот јасен[5] и 670 кг/м3 (±20%) кај американскиот[6]), со значајна жилавост и голема цврстина, но сепак свитливо. Поради тоа се користи за изработка на лакови, рачки на алат, безбол-палки и други видови прачки што бараат голема сила и издржливост.

Честопати јасеновото дрво се користи за изработка на електрични гитари, тапани и куќна столарија, и се добива фурнир за канцелариски мебел. Од него не се изработуваат предмети што стојат на отворено бидејќи срцевината не издржува контакт со земја,[5] и гние во рок од пет години.

Во столарството, јасеновото дрво се смета за мошне погодно поради пријатниот конечен изглед, лесна обработка со струк и згодно за шајки, завртки и лепила.[6] Во минатото, каросеристите правеле трупови за кочии и автомобили, кои биле предвидени да се свиткуваат за амортизација. Од истата причина, јасенот бил многу важен за изработка на авиони во раните години на воздухопловството.

Јасенот е мошне ценет и како огревно дрво, ќумур и како дрвен материјал за чадење. Од внатрешната кора на синиот јасен (F. quadrangulata) порано се добивала сина боја.

Наречено по дрвото

уреди

Наводи

уреди
  1. „Јасен (Fraxinus L.)“. GRIN. Министерство за земјоделство на САД. 3 април 2006. Посетено на 22 февруари 2010. (англиски)
  2. Јасен“, „Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. 2009. стр. 636.
  3. „Записи за видови од родот Јасен (Fraxinus)“. GRIN. Министерство за земјоделство на САД. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 22 февруари 2010. (англиски)
  4. „Јасен (Fraxinus L.)“. Извештаи на ITIS. Обединет таксономски информативен систем. Посетено на 22 февруари 2010. (англиски)
  5. 5,0 5,1 „Ash“. Niche Timbers. Посетено на 22 февруари 2010.
  6. 6,0 6,1 „White Ash“. Niche Timbers. Посетено на 22 февруари 2010.