Памук
Памук | |
---|---|
Gossypium barbadense | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Евдикоти |
Нерангирано: | Розиди |
Ред: | Слезовидни |
Семејство: | Слезови |
Потсемејство: | Слезови |
Племе: | Gossypieae[1] |
Род: | Памук L. |
Памук[2][3] или бубаќ[4][5] (науч. ''Gossypieae'' ) — најважна индустриска култура за добивање предиво и ткаенини. Тој најдобро успева во суптропските предели каде што има плодни почви и доволно топлина. За време на растителността тој треба да се наводнува, а за бербата е потребен сушен период. Најпознатите области за одгледување памук се наоѓаат во државите Казахстан, Узбекистан, Туркменистан, долината на Нил во Египет, долините на Хоангхо, Јанцекјанг во Кина, потоа во САД, Мексико и други места.
Памукот како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Полиња со памук“ (Cotton Fields) - песна на американската рок-група „Криденс Клирвотер Ривајвл“ (Creedence Clearwater Revival).[6]
- „Памучна круна“ (Cotton Crown) - песна на американската рок-група „Соник Јут“ (Sonic Youth) од 1987 година.[7]
- „Одење по жица над поле полно памук“ - песна на македонската рок-група Funk Shui.[8]
Наводи
уреди- ↑ „Gossypieae L.“. GRIN. Министерство за земјоделство на САД. 12 март 2007. Посетено на 20 февруари 2009. (англиски)
- ↑ „памук“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „памук“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „бубаќ“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „бубаќ“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ YouTube, CCR - Willy And The Poor Boys - Full Album (пристапено на 23.12.2017)
- ↑ Discogs, The Sonic-Youth – Sister (пристапено на 18.7.2019)
- ↑ Funk Shui, R.E.M., TR003, 22 Records.
Оваа статија за растение е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |