Стокхолм
Стокхолм (шведски: Stockholm) — главен и најголем град во Шведска. По процената од 2004, градското подрачје имало 765.044, а пошироко 1.704.930 жители.
Стокхолм | |||
---|---|---|---|
Знаменитости на Стокхолм | |||
| |||
Координати: 59°19′46″N 18°4′7″E / 59.32944° СГШ; 18.06861° ИГД | |||
Основан | 13 век | ||
Површина | |||
• Градска | 188 км2 (73 ми2) | ||
• Градска | 381,63 км2 (14,735 ми2) | ||
• Метро | 6.519 км2 (2,517 ми2) | ||
Население (31 декември 2011) | |||
• Градско | 864.324 | ||
• Густина | 4,600/км2 (12,000/ми2) | ||
• Градскo | 1,372,565 | ||
• Градска | 3.597/км2 (9,320/ми2) | ||
• Метро | 2.091.473 | ||
• Метро | 320/км2 (830/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Повик. бр. | +46-8 | ||
Мреж. место | stockholm.se |
Градот е основан во 1252 година на спојот на езерото Меларен и Балтичкото Море. Главен град на Шведска службено станал во 1436. Седиште е на, помеѓу другото, Кралската академија на науките, Карловиот институт и Шведската академија, која ги одбира добитниците на Нобелова награда од физика, хемија, економија, медицина и литература.
Потекло на поимот
уредиИмето на градот води потекло од старошведските зборови Сток (Stock) и Холм (holm) што во буквален превод значи „место на островче“. Ова има смисла, ако се знае дека најстариот (денес средиштен) дел од градот се наоѓа токму на островот Хелгеандхолмен.
Географија
уредиПоложба на градот
уредиГрадот Стокхолм се наоѓа во источниот дел на Шведска и Скандинавски Полуостров. Оддалеченост на Стокхолм од важните градови во околината:
- од Гетеборг, вториот град по големина во Шведска, Стокхолм е оддалечен 470км североисточно;
- од Малме, третиот град по големина во Шведска, Стокхолм е оддалечен 610км североисточно;
- од главниот град на Норвешка, Осло, градот е оддалечен 520км источно;
- од главниот град на Финска, Хелсинки, градот е оддалечен 520км западно (со море);
- од главниот град на Летонија, Рига, градот е оддалечен 550км северозападно (со море);
- од главниот град на Данска, Копенхаген, градот е оддалечен 660км севериоисточно.
Природни услови
уредиРелјеф: Стокхолм се развил во близина на источниот брег на Балтичко Море. Градот се развил на стратегиско место каде оддалеченоста помеѓу големото шведско езеро Меларен и Балтичко Море е најмала. Затоа, дадената положба стратегиски е многу важна - градот е формиран како би го штител влезот во системот езера, кои е „срж“ на внатрешноста на земјата. Градското подрачје е претежно бреговито, а надморската височина на градот се движи помеѓу 0-50м.
Клима: Според Кепановата класификација климата на Стокхолм е умерено-континентална. Поради северната положба на градот, дневната светлост многу варира од повеќе од 18 часа во средината на летото, до само 6 часа при крајот на декември. Покрај оваа положба, Стокхолм има релативно благи температури и многу топло и сончево време во текот на целата година од поголемиот број други места на слична латитуда, или дури и од некои што се наоѓаат појужно, во главно поради влијанието на топлата Голфска струја. Градот годишно има околу 1.981 сончеви часови.
Летата се топли и пријатни со просечна дневна температура од 20-22°С и најниска температура од 13°С, но температурата често преминува и над 25°С (77 °F). Зимите се ладни со просечна температура од -5°С до 1 °C, но исто така ретко паѓа испод -10°С. Годишната количина на дожд е 539 мм со 164 влажни денови. Снег претжно паѓа во периодот од декември до март.
Води: Стокхолм се наоѓа во близина на источниот брег на Шведска, односно западниот брег на Балтичко Море. На даденото место Балтичко Море е најјужно, т.е. тука бреговите на Шведска и соседна Финска најмногу се доближуваат, што стратегиски е доста значајно. Во однос на внатрешноста исто така се гледа стратегиско значење на Стокхолм, бидејќи градот е сместен на кратката река Нордстерм, која ги поврзува блиското езеро Меларен (трето по големна во државата) и Балтичкото Море. Реката исто така ги дели историските покрајни Упланд и Седеманланд, па и градот е поделен измеѓу нив.
Средишните делови на Стокхолм се наоѓаат на 14 острови кои се наставуваат на Стокхолшкиот арипелад. Скоро 30% од градот го сочинуваат пловни патишта и уште 30% го сочинуваат паркови и зелени површини (податок од 2009 година). Стокхолм од Европската комисја ја добил титулата „Прва Европска Зелена престолнина“.
Историја
уредиПодрачјето на градот Стокхолм било населено во раниот среден век. Првото спомнување на градот поврзан со денешното име се поврзува со 1252 година. Првобитно, градот се развил како пристаниште за извоз на железна река од рудникот во градската област Бергслаген. Благодарејќи на ова градот брзо станал значајно средиште на трговијата. Градот наскоро станал ханзетска испорака на доселениците од Германија. Тие ја сочинувале градската власт до 1478 година.
Престолнина на Шведска градот станал во 1436 година. Со ослободување на Шведска од данската врховна власт во 1520 година во градот се случил масакар. Во 1523 година тука е крунисан првиот шведски крал Густав Васа. Шведска брзо станала најважна алка во политиката на Северна Европа.
Овие околности овозможиле брз пораст и развиток на градот, посебно трговијата, така овој град во 1600 година ја преминал цифрата од 10.000 жители. Во 1634 година Стохолм и официјално станал престолнина на државата. во 1710 година од чума страдале околу 20.000 жители или 36%.
Во втората половина на 19 век, со појавата на индустријата и со изградбата на железничката мрежа, доаѓа до нов преокрет во градот. Стокхолм доживува благосостојба, која трае и ден денес. Како очигледна слика на тоа, тука се одржани Летните олимписки игри 1912.
По втората светска војна градот ги достигнал своите управни граници. Тогаш е започната масовна изградба на бројни предградија. Во нив денеска живее скоро исто толку население како и во градот.
Сообраќај
уредиСообраќај: Стокхолм е најважен сообраќаен центар во Шведска и еден од најважните во Северна Европа. Градот е најважен центар на автопатиштата и железничките пруги во државата, а градското пристаниште е огромно и современо.
Во Стокхолм постојат дури три аеродроми:
- Меѓународен аеродром „Арланда“ е најголем аеродром. Се наоѓа 37км северно од Стокхолм;
- Аеродром Стокхолм-Брома е најблискиот аеродром од центарот на градот, само на 7,5км северозападно;
- Аеродром Стохолм-Скавста е нешто поодалечен од Стокхолм (околу 100км југозападно), но е значаен за нискотарифните летови.
Јавен превоз: Според својата големина, Стокхолм има совршено развиена и разгранета мрежа на јавен превоз. Според последните податоци тоа претставува и еден од најскапите јавни превози во светот. Јавниот превоз го сочинуваат: метро, два системи на градска и три системи на приградска железница, мрежа од трамвајски и автобуски линии. Стокхолмското метро е далеку најважен вид на јавен превоз, и има дури 3 линии.
Спорт
уредиВо 1912 година во Стокхолм се одржани Летните олимписки игри.
Знаменитости на градот
уредиСтокхолм е познат по својот сочуван стар алштат, но и по бројните „зелени зони“ на градот (паркови, алеи, парк-шуми), по што е и еден од првите во светот. Во близина се наоѓа Стариот град (Гамла стан) со средновековни одлики - неправилна мрежа на улуци и плоштади на островот.
Северно од Стариот град се наоѓа дел од градот кој настанал во времето на академизмот, поточно кон крајот на 19 век и почетокот на XX век, препознатлив по булеварите, алеите, палатите и градбите на управата за култура. Тоа претставува политичко и економско „срце“ на градот.
Од поединечните градби потребно е да се издвојат:
- Германска црква (Tyska kyrkan) во Стариот град, од 16 век;
- Куќа на племето (Riddarhuset), од 17 век;
- Воден дворец (Bondeska palatset), од 17 век;
- Државен универзитет (Tessinska palatset), од 17 век;
- Кралската шведска опера, кон крајот на 19 век;
- Градската куќа на Стокхолм, во првата третина на XX век;
- Стокхолмската градска читална, во првата третина на XX век.
Градот веќе со децении е центар на современата архитектура, па така во последните години се подигнати многу градби и раскошни „хајтек“ згради.
Галерија
уреди-
Кралски двор
-
Плоштад „Стуреплан“ од 1938. година
-
Хоторгет блокови 1-5
-
Мариаторгет
-
Ниброплан во Стокхолм од 1953. године
-
Бласиехолмен и хотел "Гранд" во Стокхолм
-
Ериксон Глобус
-
Зграда Риксдаг, Стокхолм
-
Дворец Дротнингхолм
-
Поглед на Стокхолм од 1928. године
-
Парк Кунгстрадгарден сликан помеѓу 1890-1905 година
-
Гарнисионен, најдолга работна зграда во Стокхолм
Наводи
уредиНадворешни врски
уредиВикипатување има туристички водич за Stockholm. |
- international.stockholm.se Официјално мрежно место на градот Стокхолм - англиски јазик
- Туристички водич на Стокхолм
- Туристички центар на Стокхолм Архивирано на 7 март 2009 г.
- Водич низ Стокхолм
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |