Мавровица

езеро во Македонија


Мавровица (понекогаш нарекувано Орел) — вештачко езеро подигната на истоимената река во близина на селото Немањици, Македонија. Акумулацијата е создадена преку земјенонасипна брана со височина од 25 метри.[1]

Мавровица
Мавровица - Поглед, од север, кон езерото во 2022 година
Мавровица - Поглед, од север, кон езерото во 2022 година
Поглед, од север, кон езерото во 2022 година
Координати 41°54′52″N 21°58′59″E / 41.91444° СГШ; 21.98306° ИГД / 41.91444; 21.98306Координати: 41°54′52″N 21°58′59″E / 41.91444° СГШ; 21.98306° ИГД / 41.91444; 21.98306
Вид Вештачко
Главен дотек Мавровица (Орелска Река)
Главен истек Мавровица (Орелска Река)
Земји во сливот Македонија
Водна зафатнина 2.800.000 м3

Местоположба уреди

Се наоѓа северно од градот Свети Николе, а јужно од селото Орел, но сепак влегува во атарските граници на селото Немањици.

Историја уреди

 
Површен наод од керамика.
 
Местото „Доцноримска некропола“.

Местото има богата човечка историја при што како доказ се археолошките наоѓалишта. Пред создавањето на езерото, во стариот слив на реката Мавровица биле сместени наоѓалиштата: Алин Дол која била населба од младото камено време и античкоримското време. Дел од наоѓалиштето е на суво, додека дел е под вода;[2] Мишевска Воденица која била вила рустика од античкоримското време. Тоа наоѓалиште е целосно под вода.[3]

Особености уреди

Езерото има волумен од 2,8 милиони метри кубни. Се користи за наводнување и водостопанство.[1]

Езерото е познато риболовно одредиште, а ги има видовите на риба како: сом, крап, амур, лињак, костреж, клен, и црвеноперка, а најинтересно е дека во езерото има и слатководни медузи.[4] На езерскиот брег се одржува и меѓународен риболовен натпревар во лов на крап со јадица на дно, „по шема“ фати и пушти.[5]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Група автори (2016). „Езера во Македонија“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 235. ISBN 978-9989-110-90-0.
  2. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 355 Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  3. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 356 Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  4. ЕЗЕРО (ОРЕЛ)- МАВРОВИЦА- Оки-рибарр. Архивирано од изворникот на 2016-01-17. Посетено на 2021-04-18.
  5. ЛОВ НА КРАП НА ЕЗЕРО МАВРОВИЦА[мртва врска]

Надворешни врски уреди