Карст

геолошка образба
(Пренасочено од Карстен релјеф)

Карст — геолошка образба создадена со растворање на еден или повеќе слоеви на карпесто тло, обично карбонатни карпи, како варовникот или доломитот,[1] но и гипс.[2] Од соодветни услови, карстот се образува и кај амотсферски-отпорни карпи како кварцитот.[3]

Карстна пропаст и водопади на Плитвичките Езера
Карстни возвишенија во Торкал де Антекера, Андалусија, Шпанија.

Бидејќи водата се исцедува под земја, карстните краишта обично немаат реки и езера, или имаат сосем малку. Ваквите предели имаат карактеристични облици како сеноти, вртачи и понорници. Постојат и предели без никакви карактеристични облици, на места каде растворливата карпа има прекривка од материјали како леднички остатоци или пак е заробена од еден или повеќе нерастворливи карпести слоеви. Во некои карстни краишта има иладници пештери, иако присуството на пештери само по себе не е показател за карстен терен.

Хемија

уреди

Карстниот релјеф обично се јавува како последица од присуството на благо кисела вода што дејствува врз карпесто тло со мала растворливост како што се варовникот и доломитот. Оваа благо кисела вода почнува да ја абе површината долж пукнатините или одделните плоснати површини на карпестото тло. Со време пукнатините се прошуруваат и карпестото тло продолжува да се раствора. Отворите во карпата се зголемуваат и се создава подземен систем на истек, поради што низ местото сега поминуваат уште поголеми количини вода, забрзувајќи го создавањето на подземни карстни образби.[4]

Механизам на растворање

уреди

Јаглеродната киселина што ги предизвикува овие појави се образува во облик на дожд што минува низ атмосферата и од неа собира јаглерод диоксид (CO2), кој се раствора во водата. Кога ќе дојде до тлото, минува низ почвата, што му дава многу повеќе CO2 и создава слаб јаглероднокиселински раствор, кој потоа го раствора калциум карбонатот.

Морфологија

уреди
 
Шкрапа во Ден де Крол, Франција

Скарстувањето на пределите може да создаде големи или мали релјефни елементи како на површината, така и под земја. На изложените површини, мали облици се поточиња, шкрапи. Облици од среден размер се вртачите или сенотите (затворени сливови), пропастите, фојбите (вртачи налик на превртена инка), понорниците и извори што избиваат на површина и пак потонуваат. Карстни облици од голем размер шкрапи, карстни полиња и карстните долови. Постарите карстни предели со поразјадено карпестото тло може да имаат карстни кули или стоголики предели. Под земја може да се создадат сложени одливи (како карстни водоносници) и големи пештери и пештерски системи.

Растворениот калциум карбонат во водата на места се нафаќа кајшто водата излегува. Реките што излегуваат од вакви извори имаат туфни тераси сочинето од калцитни слоеви нанесувани со текот на времето. Во пештерите, овие наноси добиваат најразлични облици.

Карстните предели во Македонија

уреди
 
Карстни предели на планината Бистра

Крастните предели во Македонија зафаќаат површина од 2.440 или 9,6% од земјата.[5] Највеќе карстни подрачја има во Западна Македонија, Повардарието и дел од Пелагонија, и тоа: Бистра, Јакупица, Галичица, Жеден, Сува Гора, Караџица, Поречкиот слив и почетокот на Црна Река и долината на Радика. Помали карстни делови има во Таорската Клисура, Велешката Котлина, Демир Капија, Кожуф и на други места. Карстот е најслабо застапен во Источна Македонија.

Најголемо карстно поле во државата е Церското Поле со 45 км2. Подземните карстни облици се застапени со пештери и пропасти како Гоновица (Буковик), Слатински Извор (Поречје), Бела Вода (Демир Капија), Алилица (Бистра).

Водотеците што избираат од карстни образби во земјата се изворите како Вруток, Рашче, Студенчица и Вевчанските Извори.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Glossary of Cave and Karst Terms“. Speleogenesis.info. Архивирано од изворникот на 2017-09-26. Посетено на 4 мај 2009. Надворешна врска во |publisher= (help)
  2. „What is Karst, University of Texas at Austin“. Архивирано од изворникот на 2006-05-16. Посетено на 2013-06-27.
  3. Geomorphological Landscapes of the World.
  4. „What is Karst (and why is it important)?“. Karst Waters Institute. Архивирано од изворникот на 2015-04-08. Посетено на 2013-06-27.
  5. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Карст во РМ“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)

Надворешни врски

уреди