Југозападна Азија

Западна Азија, Северозападна Азија, или Југозападна Азија се термини коишто го опишуваат најзападниот дел од Азија. Овој термин е сличен со Блискиот Исток којшто ја опишува географската локација во однос на Западна Европа наместо со вистинската локација во Азија. Заради овој Евроцентризам, меѓународните организации како Обединетите нации, го заменија терминот Близок Исток со Западна Азија.

Географија

уреди

Западна Азија е сместена јужно од Источна Европа.

Клима

уреди
 
Кедарска шума во Либан

Климата во Западна Азија е пустинска и полупустинска,и сушите се многу застапени; но сепак, постојат и шуми и плодни долини. Регионот се состои од прерија, пустини, и планини. Рестрикциите за вода се основен проблем во Западна Азија, со брзо растење на популацијата се зголемува потребата за вода, кога салинитетот и и загадувањето ги става во опасност водните акумулации. Големите реки, вклучувајќи ги Тигар и Еуфрат, се користени за наводнување а и воедно и за земјоделство.

Има два вида на ветрови: шарки и шамал. Шарки е ветер којшто доаѓа од Југ и Југоисток. Сезонски е, и трае од април до почетните денови на јуни, и доаѓа повторно во септември сè до ноември.

Топографија

уреди

Додека Западна Азија се состои од ниски предели, Tурција, Иран и Јемен имаат планински релјеф. Анадолското плато е сместено помеѓу планината Понт и венецот Таур во Турција. Највисокиот врв, Арарат е висок 5.165 метри. Планината Загрос се наоѓа во Иран, на самата граница со Ирак.

Држави во Западна Азија

уреди
 
Локација на Западна Азија на Земјата.