Стражапланински превој во западна Македонија кој ги спојува Полошката и Кичевската Котлина на надморска височина од 1.212 м.

Стража
Поглед на превојот
Надм. вис.1.212 м
ПатА2 (Е65)
Местопомеѓу Полошка Котлина и Кичевска Котлина
Венецпомеѓу Бистра и Буковиќ
Координати41°40′18″N 20°51′14″E / 41.6716° СГШ; 20.8538° ИГД / 41.6716; 20.8538
Стража is located in Македонија
Стража
Стража
Местоположба на превојот Стража во Македонија

Најкарактеристични палеоземјишни облици кои се зачувани на територијата на Република Македонија се остатоци од преграбенските или прелимниските, односно преезерски долини. Тоа се доловите, а некаде и речни тераси од старите речни долини, кои постоеле пред распарчувањето на старата балканска маса. Тогашната речна мрежа имала поинакви правци на речни долини. Една таква долина била долината на Ѓаватска Река, која доаѓала од запад и течела кон југоисток, во правец на Егејскиот дел на Македонија. Со радијалните тектонски движења Ѓаватска Река била распарчена, при што се спуштиле Охридската и Преспанската Котлина и Пелагонија, а се издигнале околните планини. Остатоци од оваа река во вид на фосилен-флувијален релјеф - речни тераси и речен нанос од песок и чакал, се наоѓаат на надморска височина на денешните патни правци на превлаците: Буково - 1207 м (помеѓу Охридската и Преспанската Котлина) и Ѓавато - 1067 м (помеѓу Преспанска Котлина и Пелагонија).

Превлаци, односно превои како релјефни траги од старите речни долини има на повеќе места во Република Македонија. Такви се Плетвар (995 м), Присад (1093 м) меѓу Пелагонија и Повардарието, потоа Буковиќ (1.185 м), Стража (1.212 м) меѓу Полошката и Кичевската Котлина, Пресека (1.082 м) меѓу Кичевска Котлина и Дебрца, Калдармибогаз меѓу Полог и Скопска Котлина, Барбарас и Уши помеѓу Порече и Пелагонија и др.