Сехово
Сехово или Сеово (грчки: Ειδομένη, Идомени, до 1926 г. Σέχοβο, Сехово[2]) — гевгелиско село, кое денес територијално ѝ припаѓа на општината Пајонија на Кукушкиот округ во Егејска Македонија, Грција.
Сехово Ειδομένη | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 41°07.33′N 22°30.63′E / 41.12217° СГШ; 22.51050° ИГДКоординати: 41°07.33′N 22°30.63′E / 41.12217° СГШ; 22.51050° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукуш |
Општина | Пајонија |
Општ. единица | Бојмица |
Надм. вис. | 65 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 154 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 61400 |
Рег. таб. | KI |
Мреж. место | idomeni.gr |
Географија и местоположба Уреди
Сехово се наоѓа на границата со Република Македонија на 20 километри северно од реонскииот центар Бојмица (Аксиуполи). Во селото се наоѓа и железничкиот граничен премин од железничката линија на коридорот 10.
Историја Уреди
По Илинденското востание во 1904 година целото село преминува под раководството на Бугарската егзархија.
Сè до Втората балканска војна, Сехово се наоѓа во рамките на Отоманското Царство, а по неа е доделено на Грција. По извесен период, македонското население насилно е истерано, а на негово место се населени бегалци Маџири (христијанско население од Турција). По 1926 година селото е преименувано во „Идомени“ за да му се даде грчки карактер. Во 1928 година во Сехово се населени бегалци, 49 семејства, односно 173 луѓе.
Стопанство Уреди
Демографија Уреди
Во XIX век, Сехово е македонско село во областа Аврет Хисар на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадена во Цариград во 1878 година, Сехово (Sehovo) е опишано со 85 куќи и 394 жители Македонци, во тоа време попишани како Бугари.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) в 1900 година Сехово е село в Гевгелиската област 800 жители Македонци.
Општествени установи Уреди
Културни и природни знаменитости Уреди
Редовни настани Уреди
Личности Уреди
- Аргир Манасиев (1872-1932) — револуционер и војвода на ВМРО.
- Костадинка Палазова (1939-) — позната македонска народна пејачка.
Култура и спорт Уреди
Иселеништво Уреди
Наводи Уреди
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σέχοβον - Ειδομένη
Надворешни врски Уреди
- Мрежно место на Сехово (грчки)