Струмичко-радовишка Котлина
Струмичко-радовишка Котлина — котлина во југоисточниот дел на Република Македонија, по горниот и средниот дел од сливот на река Струмица, во подрачјата околу градовите Струмица и Радовиш. Зафаќа површина од 1.482 км2, а надморската височина се движи од 200 м до 1.881 м.
Струмичко-радовишка Котлина | |
---|---|
Поглед на Струмичкото Поле од падините на Беласица | |
Надм. висина | 200 |
Географија | |
Положба | Република Македонија, |
Нас. места | Струмица, Радовиш |
НастанокУреди
Котлината е настаната тектонски, со спуштање на земјиштето долж раседните линии помеѓу планините Беласица на југ, Огражден, Плачковица и Готен на север и Плауш и Смрдеш на запад.[1]
ОписУреди
Котлината се дели на три дела: Струмичко, Радовишко и Дамјанско Поле. Рамничарскиот дел има должина од 200 до 500 м и зафаќа површина од 29.000 ха (290 км2). Највисоко е Дамјанското Поле, а најниско е Струмичкото.
На север, кон планината Огражден најдолниот дел од котлината се извишува. На запад котлината е поврзана со малите полиња Попчевско и Костуринско по долината на Бела и Тркајна Река. На исток Струмичко Поле се стеснува и источно од Ново Село, помеѓу Беласица и Огражден, широчината е околу 2 км, за потоа реката Струмица преку Клучната Теснина да навлезе во Петричката Котлина (Пиринска Македонија).
По целата должина во подножјето на планините се наоѓаат фосилизирани дилувијални наноси, на кои се наоѓаат повеќе села и двете града: Струмица и Радовиш.
СтопанствоУреди
Котлината дава високи приноси на раноградинарски култури благодарение на изградените системи за наводнување. Од особено значење е Струмичкото Поле, кое е мошне плодно и богато.
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. стр. стр. 1452. Text "series " ignored (help)