Портал:Република Македонија

уреди  

Добре дојдовте на поталот за
М А К Е Д О Н И Ј А

Македонија е независна држава на Балканскиот Полуостров, во срцето на југоисточна Европа. Земјата се граничи со Србија и Косово на север, Албанија на запад, Грција на југ и Бугарија на исток. Во 2005, Република Македонија стана официјален кандидат за членство во Европската Унија. Главниот град на државата е Скопје со над 500,000 жители. Постојат и други значајни градови како Битола, Прилеп, Тетово, Куманово, Охрид, Велес, Штип и Струмица.

Република Македонија често се нарекува „земја на езера и планини“. Во земјата постојат повеќе од 50 природни и вештачки езера и шеснаесет планински венци повисоки од 2000 метри надморска височина.

Македонија е дом над два милиони жители, од кои мнозинството се Македонци со доминантна православна вероисповед. Покрај нив живеат и останати малцинства и религиозни групации. Македонија е лулка на словенската писменост и дом на една од најстарите православни цркви во регионот и пошироко. (Дознајте повеќе...)

уреди  

Карта

уреди  

Избрана статија

Република Македонија има богато културно наследство во сферата на уметноста, архитектурата, поезијата и музиката. Земјата има многу антички, заштитени религиозни наоѓалишта. Поетски, филмски и музички фестивали се одржуваат секоја година.

Македонските музички стилови се развиле под силно влијание на византиската црковна музика. Македонија им припаѓа на земјите со најдобро зачувани фрески, многу од кои датираат од периодот помеѓу 11-ти и 16-ти век. Постојат неколку илјади квадратни метри зачувани фрески, од кои најголемиот дел се во многу добра состојба и ги претставуваат ремек-делата на Македонската школа на црковно сликарство.

Во Македонија минатото се среќава со денешнината. Нејзината прастара архитектура во облик на манастири и цркви со инзвонредна убавина претставува интересен контраст со новата супермодерна архитектура. Речиси сите македонски манастири, изградени во различни периоди, а особено оние изградени помеѓу 11-тиот и 15-тиот-16-тиот век, денес се сосема зачувани. Македонската збирка на икони, особено охридската, е една од највредните збирки во светот денес. По Синајската и Московската збирка на икони, македонската збирка е трета по важност во рамките на православието. Од византолошки аспект пак, таа е уникатна.

Најважните културни настани во земјата се Охридско лето на класичната музика и драмата, Струшките вечери на поезијата кои ги привлекуваат поетите под повеќе од 50-тина земји ширум светот, Скопските Мајски оперски вечери, Меѓународниот филмски фестивал во Битола, Младиот отворен театар, Скопскиот џез фестивал и многу други.

уреди  

Избран град

Панорама од Струга
Панорама од Струга

Струга е град во југозападниот дел на Република Македонија и центар на Општина Струга. Градот Струга лежи во рамнината на Струшкото Поле на двата брега на реката Црн Дрим и на северниот брег на Охридското Езеро. Од Скопје е оддалечена 171 км, а од Охрид 15 километри. Струга е сместена е во подножјето на планината Јабланица, во Охридско-Струшката котлина, на северниот брег од Охридското Езеро, непосредно на местото каде се излива реката Црн Дрим од Охридското Езеро.

уреди  

Места

Галичник е село во Република Македонија на планината Бистра, 10 км од Маврово.

Секое лето таму се слави православниот христијански празник Петровден и се одржува фестивалот Галичка свадба. Фестивалот се состои од традиционална македонска (галичка) свадба со прастари обичаи, традиционална музика и ора. Сите учесници носат традицинални носии и се мешаат со посетителите во селското средиште, во кое исто така има и амфитеатар.

уреди  

Дали сте знаеле...

... дека Република Македонија зафаќа само 40% од историскиот географски регион Македонија и дека остатокот од таа територија е во Грција, Бугарија и Албанија?

... дека првото знаме на независна Република Македонија било Сонцето од Кутлеш, историски симбол на Античките Македонски кралеви како Александар III Македонски и неговиот татко Филип II Македонски?

... дека главниот град Скопје е родниот град на големиот хуманитарец и Нобеловец мајка Тереза?

... Македонија е првата безжична земја во светот, со тоа што 95% од жителите имаат пристап кон безжични бродбенд семрежни услуги?

... дека мегалитската опсерваторија Кокино е постара од 3800 години и 4та по старост во светот според НАСА [1]

... најмалиот етнолошки музеј во светот е сместен само 5 км северозападно од Тетово во живописното село Џепчиште и е ставен во Гинисовата книга на рекорди?

... за Камениот град, покрај селото Куклица во Кратовската област. Според изворите, мештаните ги нарекуваат камените фигури „кукли“ кои се стари околу 10 милиони години?

уреди  

Места заштитени од УНЕСКО

Во април 1997, Република Македонија им се придружила на Спогодбите на УНЕСКО, додека во јануари 2002, Македонија го ратификуваше нејзиното воздигање во Вториот протокол на Хашкиот договор (Зачувување на културно наследство во случај на вооружен конфликт, Хаг, 1954). Охридскиот регион ѝ припаѓа на листата на светско културно и природно богатство на УНЕСКО (од 1980), Македонија исто така е дел од долгорочната УНЕСКО-ва програма „Обединети училишта“ во рамките на УНЕСКО-вата програма за сончева енергија, во нејзината младинска мрежа, УНЕВОК, додека Галичката свадба чека номинација за ремек-дело на културното наследство на УНЕСКО. Во рамките на нејзината издавачка дејност, Македонија има презентирано монографија на Кочо Рацин и книга со поезија од Ацо Шопов во рамките на УНЕСКО-вите претставителни дела. Во 2003, еден од поголемите проекти беше имплементацијата на изложбата во Скопје наречена „Дијалози: македонски уметници на денешнината”, која се одржа од 7 март до 1 април во Миро-салата во главната зграда на УНЕСКО. На 14 април, 2003, оваа изложба беше отворена од Министерот за култура на Република Македонија, Господинот Благој Стефановски и генералниот директор на УНЕСКО, Коиширо Макура.

уреди  

Единствена Македонија

→ Во Македонија се наоѓа единственото европско наоѓалиште на рубини.
→ Македонскиот рудник "Алшар" на планината Кожуф е единственото наоѓалиште на светот на талиум и потенцијален "рудник" на еколошки чиста енергија. Од 2004 год., рудникот е евидентиран како споменик на природата и дел од Смарагната мрежа за заштита на природните реткости.
→ Најквалитетниот опиум на светот е македонскиот. Вториот по квалитет е Пакистанскиот со 7 морфиски единици а следуваат со помали разлики останатите (Колумбискиот на пример е околу 3, 5 МЕ. македонскиот е замислете 14 морфиски единици!
→ Најславниот од сите римски патишта врви во најголемиот свој дел низ Македонија, патот – "Виа Игнација"
→ Гробот на славниот Грк Зорба е во градските гробишта во Бутел. Алексис Георгиос Зорба кој бил инспирација за романот ,,Гркот Зорба,, живеел во Скопје имал жена деца и во 1942 починал тука.
Повеќе...


уреди  

Симболи

Државни
Етнички
уреди  

Државност

уреди  

Избрана слика

Стилизирана слика со македонско знаме
уреди  

Личности

Димитар Андонов Папрадишки (1859-1954) е последниот македонски зограф, а воедно и првиот наш профан (нерелигиозен) сликар кој ги поставил темелите на западното сликарство во Македонија.

Сестраниот ангажман на Андонов и желбата да внесе аспекти од битовиот реализам, го донело македонското сликарство пред вратите на современиот начин на изразување. Профаното сликарство на Андонов се одликува претежно со изработка на голем број на портрети на јавни личности во кои тој се обидува освен ралниот момент да го вклучи и ликовно-естетскиот проблем (Детскиот портрет на Анѓелко Андонов - 1900/1901., портрет на Параскева Кранго - 1925/1926, Автопортрет - 1932, итн.). Во подоцнежната етапа од опусот на Андонов тој практикува и композиции со историска тематика (Смртта на Гоце Делчев, Богомилски поход итн.) но и битови теми (Селска свадба, Нишалка, Оро итн.). Иако делата се без поголеми ликовни прентензии сепак тие претставуваат една значајна нишка која недостасуваше во македонската национална уметност како премостувач на празнината помеѓу доцниот традиционализам и новиот дух на ликовната уметност во Македонија.

Димитар Андонов Папрадишки, во својот долг и плоден творечки живот насликал повеќе од 1200 икони за околу 100-тина цркви во Македонија и Србија, со што се смета за еден од најпродуктивните наши зографи. Воедно, неговиот ангажман и во профаното сликарство го издига на пидесталот како последен македонски зограф и прв современ сликар во поновата македонска уметност.

уреди  

Од македонскиот фолклор

Народна носија „Скопска Блатија“, скопско
уреди  

Категории

уреди  

Интересни фотографии

Свети Наум, Охрид.
Царев Врв, Осоговски Планини.
Центарот на Битола.
Дојранско Езеро.
Златоврв, Прилеп.
Аквадукт во Скопје.
Хераклеа, Битола.
Фреска од црквата „Св. Пантелејмон“ во Нерези.
уреди  

Други портали

уреди  

Поврзани проекти