Попова Шапка
Попова Шапка — зимско-рекреативен центар во северозападниот дел на Македонија, именуван според истоимениот врв (1780 м) на Шар Планина кој се наоѓа во непосредна близина. Се одликува со голем број на сончеви денови во текот на целата година и со снег од ноември до мај. Административно влегува во атарот на селото Лисец, кое лежи пониско.

Зимско-рекреативниот центар е оддалечен 18 км од Тетово, 53 км од Скопје. Од Тетово води асфалтиран пат кој поминува низ попатните шарпланински села. Пред воените дејствија во 2001 г., до Попова Шапка можело да се стигне и преку гондолска жичарница долга околу 7 км. Но поради сериозни оштетувања за време на воените дејствија жичарницата е нефункционална. Почетната станица на жичарницата се наоѓа во близина на Арабати баба-теќе и за неполни четириесет минути можело да се стигне до Попова Шапка.
Видикот од Попова Шапка е отворен кон соседните планини Јакупица и Солунска Глава (2540 м), а во подножјето се наоѓа Полошката Котлина.
Сместувачки капацитети уреди
До Втората светска војна единствен објект на Попова Шапка бил Планинарскиот дом свечено пуштен во употреба на 11 ноември 1934 година,[1] за кој во еден новински напис од 1940 година се истакнува дека може да прими околу 130 луѓе, нема струја, но е поврзан со телефонска линија со Тетово, а преноќување чинело 5-6 динари за членови на планинарско друштво, 10-25 динари за сите други (зависно од тоа дали сместувањето е засебно или групно). Полн пансион чинел 32 динари. Превозот од Тетово траел 3 часа, а бил со изнајмен коњ за 10-20 динари до селото Лисец, па оттука до домот можело да се оди пешки.[2]
На Попова Шапка се изградени хотелите „Попова Шапка“, „Тетекс“, „Славија“, „Бора“ и други одморалишта. Во непосредна близина на Попова Шапка се наоѓаат местата Јелак, Лешница и Церипашина.
Спортски манифестации уреди
На Попова Шапка традиционалната се одржува манифестацијата „Шарпланински куп“.
Летно време се одржува планински велосипедски маратон „Шарски Води“, со почеток на Попова Шапка и крај во Бунец на Маврово. Традиционален меѓународен скијачки „Меморијал Стеве Илиески – Караѓуле“ Скијачкиот центар Попова Шапка располага со скијачки патеки во должина од 35 км, три хомогенизирани патеки според стандардите на ФИС, со 9 скилифтови и 2 двоседишници. ̹̹ Скијачките ̹патеки се погодни за повеќе ски-дисциплини, а посебно се привлечни за скијачи-рекреативци.
Надворешни врски уреди
- Скијачки центар „Попова Шапка“ Архивирано на 27 март 2010 г.
- Планинска куќа - Гранит Архивирано на 28 февруари 2010 г.
- Планинарски клуб „Шара Ски“ - Тетово Архивирано на 22 март 2009 г.
- 360° Виртуелен поглед на Попова Шапка
Поврзано уреди
- Шапка — планина во југозападниот дел на Егејска Македонија
Наводи уреди
- ↑ Тетовскиот говор. Тетово: Дарко Гавровски. 2020. стр. 448–451. ISBN 978-608-245-615-7. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ „1940 - весник Политика - „Попова Шапка рамен на Шамони и Сен Мориц"“. www.facebook.com (српски). Посетено на 2021-06-05.