Симитли
Симитли (бугарски: Симитли) — град во северозападна Пиринска Македонија, денес во Благоевградската област, Бугарија. Сместен е недалеку од Горна Џумаја (Благоевград) и претставува седиште на Општина Симитли.
Симитли | |
---|---|
Плоштадот во Симитли | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска |
Управа | |
• Градоначалник | Апостол Апостолов |
Површина | |
• Вкупна | 36,36 км2 (14,04 ми2) |
Надм. вис. | 323 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 7.243 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2730 |
Повик. бр. | 0748 |
Географија
уредиГрадот се наоѓа на 14 км јужно од Горна Џумаја и 48 км северно од Свети Врач (Сандански). Сместено е во Симитлиската Котлина, на падините на планините Рила, Пирин и Влаина. Реката Струма го дели на два дела — самиот град Симитли и населбата (поранешно село) Ораново, каде во Струма се влева притоката Градевска Река. На исток се западните ограоци на Рила и Пирин, а на запад е Влаина. На 25 км од градот, на Влаина се издига впечатливата карпеста образба Коматински Карпи (Коматински Скали).
Историја
уредиСимитли е старо село и седиште на повеќе села од истоимената котлина. Неговиот развој низ минатото се должи на присуството на дваесет минерални извори со температура од 56 до 60 °C и вкупен истек од 720 л/мин. Во минатото водата се користела за домашни потреби, но во 1930-тите е изградена бања, а потоа е спроводи за загревање на стакленици. Друг поважен чинител за развојот на местото е неговата клучната местоположба меѓу долоните на реките Струма и Места.
Селото првпат се споменува во XV век како Бања, a во XVI век веќе е наречено Симитлу. Според едни, името на градот произлегува од белото лепче симит, а според други произлегува од средишната местоположба на местото, т.е. од симен, што значи средиште.
Во XIX век Симитли било село со мешано население во состав на Горноџумајската каза.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за Симитли:
Симитлија, на југ од Џумаја 4 часа пат пд десниот брег на Струма, на рамница. Низ селото минува пат од Џумаја за Мелник-Сер-Солун. Во Симитлија расте најдобриот тутун во целата околија, каков што се добива само во Железница. Во селото има неколку анови. Има 230 куќи, сите Помаци.[1][2]
Ураново, село оддалечено 4 часа од градот. Селаните се земјоделци; прават убаво вино и пипер. Црква, во која се чита на словенски. 200 бугарски куќи.[1][3]
Кон 1900 г. според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) селото Симитлиј има вкупно 820 жители, од кои 780 биле Помаци[1], а 40 биле Роми.[4]
За време на Првата балканска војна кај селото се одиграла битка помеѓу VII пешадиска рилска дивизија и отоманската војска. По Втората балканска војна целото муслиманско население е иселено, а во 1916 г. селото било во рушевини.[5] На нивно место се доселиле бегалци од другите краишта на Македонија, како и жители од околните села Сухострел, Докатичево, Тросково, Градево и др. Во минатото Симитли извезувал дрвена граѓа од планините Рила и Пирин. Во 1934 г. Симитли и Ораново заедно имале околу 2.200 жители, во 1946 г. населението пораснало на 2.918, во 1992 тоа изнесувало 7.466, а во 1997 броело 7.684 жители.
Црквата „Рождество на пресв. Богородица“ е изградена во 1923 г.[6]
В 1943 г. името Симитли е сменето во Изворите, но во 1945 г. е повратено. Во 1964 г. Симитли е прогласено за град.[7] Во следната 1965 г. кон градот е припоено селото Ораново,[8] а во 1969 г. Симитли станало град.[7]
Стопанство
уредиВажен чинител во развојот на Симитли е крстопатната положба, каде магистралата Софија-Горна Џумаја-Солун-Атина се пресекува со стариот пат од Малашево-Сухострел-Разлог за Неврокоп (Гоце Делчев).
Во Симитли се ископува јаглен, и тоа од коповите „Ораново“ крај градот и „Пирин“ во Брежани, од кој по жичница јагленот се доставува до железничката станица во градот. Има дрвопреработувачко претпријатие во кое се изработуваат најразлични производи и конструкции од зимзелени и листопадни дрва. Дрвената граѓа се добива од месните насади, но и се носи од Разлог, Кресна, Катунци и други места. Во земјата се присутни и ретки метали. Во градот работат и мали претпријатија за трикотажа, огледала, санки и др.
Во околината на градот се присутни металопреработувачката дејност (с. Черниче) и производството на обувки (с. Крупник). Овие села доживеале таков раст што денес се речиси споени со Симитли. Тука е развниена тутунската индустрија, овоштарството (праски, сливи, јаболка), зеленчукарството и лозарството. Се развива и сточарството, со нагласок на млечните производи.
Редовни настани
уреди- 8 септември (Мала Богородица) — традицонален собир
- јануари — џаламарски (кукерски) фестивал.
Занимливости
уредиПо градот е наречен ’ртот Симитли на островот Рагед на Антарктикот.[9]
Култура
уредиВо градот работат две играорни друштва – „Веселие“ и ансамблот при читалиштето „Св. Климент Охридски“.
Извори
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 20.
- ↑ Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 22.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.192.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 244.
- ↑ „Туризъм“. Община Симитли. Посетено на 2015-12-20.
- ↑ 7,0 7,1 Мичев, Николай, Петър Коледаров (1989). Речник на селищата и селищните имена в България 1878 – 1987. София: Наука и изкуство. стр. 243.
- ↑ Мичев, Николай, Петър Коледаров (1989). Речник на селищата и селищните имена в България 1878 – 1987. София: Наука и изкуство. стр. 202.
- ↑ SCAR Composite Gazetteer of Antarctica: Simitli Point.
Надворешни врски
уреди„Симитли“ на Ризницата ? |
41°53′N 23°7′E / 41.883° СГШ; 23.117° ИГД{{#coordinates:}}: не може да има повеќе од една главна ознака по страница