Дримколска Клисура
Дримколската Клисура претставува импозантна клисура во Македонија која се протега по тркот на реката Црн Дрим. Се протега во должина од 28 км, помеѓу утоката на реката Лениште до поранешната утока на Радика. Стрмните долински страни Црн Дрим ги изградила помеѓу западните ограноци на Караорман и на Стогово, а источните на планината Јабланица. Денес Дримколската Клисура е заезерена со изградба на двете познати вештачки акумулации: Шпилје и Глобочица. Единствено само под браната Глобочица се формира краток речен тек. Клисурестите страни се дисецирани со долините на повеќе кратки речни текови кои имаат голем наклон и при утоката во езерото формирале наноси. Низ клисурата минува регионалниот пат Струга – Дебар.[1]
- За други значења на поимот Дримкол, видете на појаснителната страница
Наводи
уреди- ↑ Makedonska akademija na naukite i umetnostite (20 октомври 1971). Simpozium za Problematikata na Regulacijata na Ohridskoto Ezero. Ohrid: Makedonska akademija na naukite i umetnostite.