Шерупа
Шерупа (на албански Maja Ksulje e Priftit) е планински врв кој се наоѓа на тромеѓето меѓу Косово[a], Албанија и Македонија. Врвот е висок 2.092 метри и се наоѓа на северозапад од Шар Планина. Албанија се наоѓа на југозападниот и северозападниот дел, Косово на североисточниот и југоисточниот и Македонија на јужниот дел.
Забелешка:
a. | ^ Косово е предмет на територијален спор меѓу Република Србија и самопрогласената Република Косово, која прогласи независност на 17 февруари 2008, но Србија продолжува да го смета Косово како дел од својата територија. Независноста на Косово е призната од 99 држави од вкупно 193 земји членки на ООН. |