Пловдив
Население | 331.796[1] |
---|---|
Регистарска ознака | PB (BG) |
Административна поделба | Пловдивска област |
Мрежно место | www.plovdiv.bg |
Градоначалник | Славчо Атанасов, ВМРО-БНД |
Површина | 53 км2 |
Надморска висина | 164 m |
Координати: | 42° 9′ С, 24° 45′ И |
Пловдив (бугарски: Пловдив) е град во Jужна Бугарија. Тој е вториот по големина град во Република Бугарија и претставува административен центар на Пловдивска област.
ГеографијаУреди
Пловдив се наоѓа на 24° 45' источна географска должина и 42° 9' северна географска ширина. Надморската височина во центарот на градот изнесува 164 m. Градското подрачје зафаќа површина од 53 км2. Низ градот тече реката Марица. Пловдив е сместен во близина на планината Родопи, во западниот дел на Горнотракиската низина.
ЛичностиУреди
Пловдив е родното место на повеќе познати личности меѓу кои се и Панаjот Пипков, Апостолос Николаидис, Христо Бонев, Стефка Костадинова, Христо Стоичков и Петар Стоjaнов.
ИсторијаУреди
Античкото име на Пловдив е Филипополис наречен така во чест на неговиот основач, македонскиот крал Филип.
Според статистиката, од 1885 година, кон краjот на ХІХ век, градот има население од 33 500 жители, од кои - 45% Бугари, 25% Грци, 21% Турци, 6% Евреи и 3% Ерменци. По Првата светска војна на периферијата на градот се населиле многу бегалци од Македонија. Во 2011 година Пловдив има 331.796 жители. Најголемиот дел од нив се Бугари, а другите се Ерменци, Евреи, Турци, Роми, Грци и други.
Во 1879 година, Пловдив е избран за престолнина на автономната област Источна Румелија, создадена со Берлинскиот договор во 1878 година. Од 1885 година таа е присоединета кон Бугарија, поради што Србија ја напада бугарската држава, но ја губи војната. Од Источна Румелија Османската империја го задржа само градот Крџали и неговата околина, во која тогаш живеат исклучиво Турци и која влегува во составот на Бугарија во 1912 г.
Братски градовиУреди
ГалеријаУреди
НаводиУреди
Надворешни врскиУреди
„Пловдив“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место
- Водич за Пловдив
- Пловдив инфо
- Фотографии од Пловдив (стариот град)
- Фотографии од Пловдив1
- Информации за потенцијални инвеститори на Пловдискиот регион
- Хотели во Пловдив
- Водич за Пловдивската област - градови и села
- Антички Пловдив
- Фотографии од Пловдив2
- Водич за сместување во Пловдив