Липковска Река
Липковска Река или Липковка — река во Североисточна Македонија, притока на Кумановска Река[1]. Настанува кај селото Гошинце со спојување на Гошинска и Брештанска Река, а низводно од левата страна ја прима Слупчанска Река. Во горниот тек има планински, а низводно до вливот (311,7 м) рамничарски карактер. Долга е 17,5 км, а сливот зафаќа површина од 300 км2. Во нејзиниот слив се изградени вештачките езера Липково и Глажња. Средниот протек изнесува 1,42 м3/с.[2]
Липковска Река | |
---|---|
![]() | |
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Кумановска Река |
Должина | 17,5 км |
Особености на сливот |
НаводиУреди
Надворешни врскиУреди
- Липковска Река на Ризницата ?