Клима во Македонија
Климата во Македонија се одликува со испреплетување на морските и континенталните влијанија и се судираат благата средоземна со острата континентална клима на многу специфичен начин. Морските влијанија предизвикуват сушно и топло лето, а континенталните влијанија студена и влажна зима.[1]
Климатски региони и типови
уредиВо Македонија се издвоени неколку карактеристични климатски региони: субмедитерански, регион со изразена транслатација на средоземната и континенталната клима, регион со континентална клима и регион со планинска клима.
Субмедитеранскиот регион ги зафаќа: Гевгелиско-валандовската и Дојранската Котлина, каде што најсилно се чувствуваат средоземните климатски влијанија. Во него во одделни години средоземните влијанија се потиснати, но и обратно, постојат години кога средоземните влијанија се чувствуваат по долината на реката Вардар до Скопје, по долината на реката Брегалница до Кочани и по долината на реката Струмица во Струмичко–радовишката Котлина. Регионот на изразена транслатација на континенталната и средоземната клима ги зафаќа Тиквешката, Велешката и Скопската Котлина, Овче Поле, Штипско и Кочанската Котлина, долината на реката Вардар, Струмичко–радовишката Котлина и по долината на реката Црн Дрим во Дебарската Котлина. На север по долината на реката Вардар климатското влијание брзо ослабува.
Регионот на континенталната клима најмногу се чувствува во Преспанската и Охридско-струшката Котлина (каде што се чувствува и влијанието од езерскиот басен), Кичевската, Бродската, Беровско-делчевската, Славишката, Полошката и Пелагониската Котлина.
Регионот на планинска клима ги зафаќа високите планини на Шарскиот и корапскиот планински систем, Јабланица, Баба, Јакупица и сите други високи планини во Македонија. Во нив над 2.200 метри постои вистинска планинска клима или таканаречената алпска клима. За разлика од неа, во сите планини под 1.000 м н.в., кои се определени како ниски планини, владее преодна, од котлинска во планинска клима.[2]
Во жешкиот топлински појас се јавуваат: екваторска, троска, пустинска и монсунска клима.
- Според климатските и вегетативните специфики, Македонија е поделена на осум физичко-географски региони:
- Субмедитеранско подрачје со 50-150 м надморска висина.
- Умерено континентално-субмедитеранско подрачје со 600 м надморска висина.
- Топло континентално подрачје од 600 до 900 м надморска висина.
- Ладно континентално подрачје на висина од 900 до 1.100 м.
- Подгорско континентално-планинско подрачје на висина од 1.100 до 1.300 метри.
- Горско континентално-планинско, кое се јавува од 1.300 до 1.650 метри висина.
- Субалпско планинско подрачје од 1.650 до 2.250 метри висина.
- Алпско подрачје на висина од 2.250 метри.
Место | Регион | Гео. ширина | Гео. должина | Надм. висина (м) | Врнежи (мм) | Температура (°C) |
---|---|---|---|---|---|---|
Скопје | Северно од Вардарската Долина | 42° 00’ | 21° 26’ | 245 | 940 | 13,5 |
Кочани | Источна Македонија | 41° 50’ | 22° 00’ | 400 | 538 | 12,9 |
Охридско Езеро | Југоисточна Македонија | 41° 03’ | 20° 42’ | 693 | 759 | 11,4 |
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Нов | Дек |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Максимална температура (°C) | 5 | 10 | 13 | 18 | 23 | 28 | 31 | 30 | 26 | 20 | 10 | 7 |
Минимална температура (°C) | -5 | 2 | 5 | 7 | 12 | 16 | 18 | 18 | 15 | 11 | 6 | -2 |
Врнежи (највисоки просечни во мм) | 100 | 103 | 113 | 175 | 201 | 123 | 132 | 102 | 109 | 127 | 124 | 141 |
Наводи
уреди- ↑ Ангел Лазаревски, Климата во Македонија – врнежите во СР Македонија, „Географски разгледи“, кн. 8–9, Скопје, 1971.
- ↑ Михаило Зиков, Клима и климатска регионализација во Република Македонија, „Географски разгледи“, бр. 30, Скопје, 1995.
- ↑ „Official web-site of Skopje“. Архивирано од изворникот на 2011-07-21. Посетено на 2010-07-22.
- ↑ „Official web-site of Kočani“. Архивирано од изворникот на 2010-10-28. Посетено на 2010-07-22.
- ↑ „Web-site about the region of Ohrid“. Архивирано од изворникот на 2012-06-04. Посетено на 2010-07-22.
- ↑ Climatic data for Skopje