Зајак
Зајак - животно од редот глодачи.
Видови зајаци
уредиЗајакот-дупкар спаѓа во редот зајакообразни цицачи и во семејството зајаци, во која се вбројува и обичниот зајак. Домашните видови настанале од дивиот зајак-дупкар. Потекнува од Европа, но денес го населува целиот свет, освен на Антарктикот и некои острови во Југоисточна Азија. Се среќава во тревни или шумовити предели, како и во обработени полиња. Достигнува должина од 40 сантиметри и тежина од 2 кг, а жиивее од три до шест години. Половата зрелост ја постигнува на возраст од околу четири месеци и се спарува во текот на пролетта и летото. По едномесечен период на носење, женката раѓа две до седум малечки, и тоа, четири до пет пати во текот на годината. Младенчињата се раѓаат слепи и без влакна, во дувло ископано во земјата, на меко легло прекриено со влакна од мајката. Зајакот-дупкар е тревојадец. Тој се храни со трева, корења, лисје и кора од дрвјата. Поради тоа забите му се трошат и горните секачи постојано му растат.
Зајакот во литературата и во популарната култура
уредиЗајакот како тема во книжевноста
уреди- „Белиот зајак“ – турска народна приказна.[1]
- „Сопственикот на полето и зајакот“ – приказна на африканското племе Басумбва.[2]
- „Леопардот и зајакот“ – приказна на африканското племе Кикуију.[3]
- „Човекот, лавот и зајакот“ – приказна на африканското племе Басумбва.[4]
- „Како зајакот го убил нилскиот коњ“ – приказна на африканското племе Акамба.[5]
- „Зајакот и мангустата“ – приказна на африканското племе Свахили.[6]
- „Зајачка одмазда“ — басна на Ристо Давчевски.[7]
- „зајаците и жабите“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[8]
- „зајаците и лисиците“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[9]
- „Лавот и зајакот“ - басна на Езоп.[10]
- „зајаците и жабите“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[11]
- „Зајакот и желката“ - басна на Емброуз Бирс.[12]
- „Чудно чудо“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.[13]
- „Зајко, зајко од дупката!“ (српски: Зека, зека из јендека!) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.[14]
- „Ти си само плашлив зајак“ - песна на македонскиот писател Славко Јаневски.[15]
- „Зајче безопавче“ - збирка песни за деца на македонскиот писател Васил Куноски.[16]
- „Зајаче“ — песна на Васил Куноски.[17]
- „Зајакот и желката“ — басна на Лафонтен.[18]
- „Нединото зајаче“ — расказ на македонскиот писател Ванчо Николески.[19]
- „Зајко ловец“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.[20]
- „Современо зајаче“ — песна на македонскиот поет Васе Тодоров - Шлеговец.[21]
- „Чудни се луѓето“ — песна на македонскиот поет Васе Тодоров - Шлеговец.[22]
Зајакот како тема во музиката
уреди- „Зајко кокорајко“ — македонска народна песна.[23]
- „Јас сум зајак“ (англиски: I Am A Rabbit) — песна на американската рок-група Лемонхедс (Lemonheads) од 1989 година.[24]
- „Умирањето на зајаците“ (англиски: Rabbits Dying) — песна на американската рок-група Throwing Muses од 1986 година.[25]
- „Бел зајак“ (англиски: White Rabbit) — песна на американската рок-група Jefferson Airplane од 1967 година.[26]
Зајакот како тема во филмот
уреди- „Лисицата и зајакот“ - советски анимиран филм од 1973 во режија на Јуриј Норштејн.
- „Кој го намести зајакот Роџер“ (англиски: Who framed Roger Rabbit) - американски филм од 1988 година.[27]
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ „Бели зец“ во: Турске бајке. Београд: Народна књига, 1978, стр. 127-144.
- ↑ Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 179-182.
- ↑ Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 135-138.
- ↑ Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 183-184.
- ↑ Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 148.
- ↑ Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 119-121.
- ↑ Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 44.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 27-28.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 36.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 82-83.
- ↑ Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 50.
- ↑ Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 51.
- ↑ Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 108-109.
- ↑ Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 95.
- ↑ Славко Јаневски, Коренот на стеблото ја надминува мерата на нивните разуми. Скопје: Темплум, 2014, стр. 73-74.
- ↑ Васил Куноски, Зајче безопавче, Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга и Детска радост, Скопје, 1980.
- ↑ Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 76.
- ↑ Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 18.
- ↑ Ванчо Николески, Чудотворен кавал, Мисла, Наша книга, Детска радост, Култура, Македонска книга, Скопје, 1993, стр. 28-33.
- ↑ Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 12.
- ↑ Васе Тодоров - Шлеговец, Магија на детството. Скопје: александар & александар, 2000, стр. 22.
- ↑ Васе Тодоров - Шлеговец, Магија на детството. Скопје: александар & александар, 2000, стр. 33.
- ↑ Macedonian Folklore Classics, Aleksandar Sarievski. Macedonian Radio and Television.
- ↑ Lemonheads* – Lick (посетено на 25.5.2022)
- ↑ Throwing Muses – Throwing Muses (посетено на 29.10.2024)
- ↑ YouTube, Jefferson Airplane - Surrealistic Pillow (1967) FULL ALBUM Vinyl Rip (пристапено на 24.12.2017)
- ↑ IMDb, Who Framed Roger Rabbit (1988) (пристапено на 6.12.2015)