Тетида
Tетида (Θέτις = „онаа која располага“) во старогрчката митологија била морска нимфа, една од Нереидите. Таа била внука на Тетија, и мајка на Ахилеј, а нејзини родители биле мудриот пророк Нереј и Дорида. Тетида била во брак со Пелеј со кого го родила познатиот јунак Ахил.
Митологија
уредиСпоред Хомер („Илијада“, I, 258), Тетида и нејзиниет сестри живееле во кристална пештера на морското дно.[1] Во старогрчката митологија, Тетида имала неколку допири со боговите: Таа го ослободила Зевс од синџирите, дека се грижела за Хефест кога тој бил повреден, а со Дионис спиела на островот во Црвеното Море, во постела од морската трева.
Според древните записи, на Тетида ѝ се додворувале Зевс и Посејдон, но кога Темида го открила пророштвото дека синот на Тетида ќе биде поголем херој и од Зевс и од Посејдон тие ја принудиле да појде за смртникот Пелеј, познат и како Калхант.
Тетида била позната по тоа што ја менувала својата форма и станувала оган или лав. Пелеј, добил советот на Хирон, еден од Кентаурите да ја пронајде додека спие и да ја заврже. Пелеј ги истрпел нејзините промени и ја добил за сопруга.
Тие се венчале во гората Пелион, а на свадбата присуствувале сите божества од Олимп. На веселбата единствено не била поканета Ерида, божицата на злото. Таа се одмаздила така што испратила златно јаболко на кое пишувало „за најубавата“, со што внела раздор помеѓу божиците Хера, Атина и Афродита, а Парис го довела во неповолна ситуација да мора да избере на која од нив да го даде јаболкото.
Тетида и Ахилеј
уредиЕдно од тврдењата за полубожествена припадност на Ахилеј тврди дека Тетида ноќе го држела во пламен за да му ја изгори смртноста, а дење го хранела со амброзија за да добие сила. Кога Пелеј ја затекнал сопругата како го држи детето во пламенот, тој викнал, поради што таа го повлекла и не му ја заштитила и петата. Мислејќи дека таа сака да го убие, Пелеј кренал меч на Тетида, таа без објаснување избегала во длабоките води кај татко си, но никогаш не престанала да бдее над Ахилеј. И вториот мит петата на Ахилеј ја оставил како единствено смртно место на неговото тело, но овој пат поради тоа што Тетида своето новороденче го потопила во реката Стикс, но морала да го држи за петица да не го однесе водата.
Ахилеј го воспитувал и чувал кентаурот Хирон на ридот Пелион. Покрај сета грижа за младиот потомок, пророштвото на врачот Калхант тврдело дека тој ќе загине во Троја. Поради тоа, Тетида го одвела на Скира, го преоблекла во девојка и доверила на чување на кралот Ликомед.
Ахилеј во себе го носел воениот инстинкт: според едно предание при прв звук на воените труби го грабнал оружјето, а според друото тоа се случило кога Одисеј, испратен од Менелај пошол да го најде Ахилеј, тој понел многу дарови за девојки, но и оружје: меч, штит и копје. Ахилеј воопшто не обрнал внимание за накит туку се фатил за оружје. Одисеј му го поклонил оружјето, а потоа тргнале во војна за Троја.
Тетида и тогаш пробала да го заштити синот. Од Хефес побарала да му искове штит и оружје со кое би бил сигурен. Кога пророштвото се оствороло. Тетида ја собрала пепелта од својот син и го положила во златната урна и му кренала достоинсрвен споменик, а во негова чест организирала огромен пир.
Наводи
уреди- ↑ „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 109.