Крива Лакавица
Крива Лакавица — река во Македонија, лева притока на Брегалница[1]. Извира од северните падини на Градешка Планина јужно од селото Долни Липовиќ, на височина од 570 м, а се влева кај селото Софилари, на височина од 251 м[2]. Долга е 42 км, има течение во правец југ-југоисток - север-северозапад со вкупен пад од 319 м и просечен пад од 7,6 ‰[2]. Сливот зафаќа површина од 425 км2[2]. Во горното течение во делот на теснината Мантово е изградено езерото Мантово[3]. Во однос на протоците на вода има одлики на порои: преку лето пресушува, а при поројни дождови, нивото на водостојот нараснува и до 2 метри при што водата се излива од коритото правејќи огромни штети на околното обработливо земјиште[2].
Крива Лакавица | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Брегалница |
• надм. вис. | 251 м |
Должина | 42 км |
Особености на сливот | |
Течение | Брегалница→ Вардар→ Егејско Море |
Галерија
уреди-
Горното течение на Крива Лакавица низ селото Долни Липовиќ
-
Водите на Крива Лакавица по течението во селото Долни Липовиќ
-
Течението на Крива Лакавица низ селото Долни Липовиќ
Наводи
уреди- ↑ Иванова, Олга (1982). Месните имиња на областа по сливот на Брегалница. Институт за македонски јазик „К. Мисирков“.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Стојмилов, Александар (2011). Географија на Република Македонија. Скопје: Универзитет за туризам и менаџмент. стр. 179.
- ↑ Никодиновски, Борис (2000). Основи на воена географија на Република Македонија; Edicija učebnici. Нико Компјутери.