Охридско Езеро

езеро во Македонија и Албанија


Охридско Езеро — најголемо и најзначајно природно езеро во Македонија, најстаро во Европа и, од биолошки аспект, најзначајниот стагнантен воден екосистем на континентот. Се карактеризира со богата историја, културa, археолошки наоѓалишта и природна убавина, и го делат две држави: Македонија и Албанија.

Охридско Езеро
Охридско Езеро - Поглед на Охридското Езеро од Галичица
Поглед на Охридското Езеро од Галичица
Координати 41°05′N 20°45′E
Главен истек Црн Дрим
Површина на сливот 2.600 км2
Земји во сливот Република Македонија,
Албанија
Најг. должина 30,4 км
Најг. ширина 14,8 км
Површина 358 км2
Прос. длабочина 155 м
Најг. длабочина 288 м
Водна зафатнина 55,4 км3
Проточност (на езерската вода) 70 г.
Брежна должина1 87,53 км
Република Македонија: 56,02 км;
Албанија: 31,51 км
Надм. височина на површината 693 м
Острови нема
Населени места Охрид, Струга (Република Македонија);
Поградец (Албанија)
1 Брежната должина не е добро утврдена мерка.

Благодарение на ваквите особености, во 1980 година Охридското Езеро и градот Охрид се прогласени за Светско културно наследство, под заштита на УНЕСКО[1]. Светската важност на езерото се потврдува во 2010 г. кога НАСА и Меѓународниот астрономски сојуз решаваат едно од езерата на Сатурновата месечина Титан да го носи името „Охридско Езеро[2] (лат. Ohrid Lacus)[3].

ГеографијаУреди

 
Изобатска карта со длабочините на Охридското Езеро.
 
Карпата наречена „Стог“ во близина на селото Трпејца во Охридското Езеро

Езерото покрива површина од 358,2 км2 и се протега во должина од 30,8 км, а најголемата широчина изнесува 14,8 км. Должината на брегот изнесува 87,5 км. Неговата длабочина достигнува до 289 м. Вкупниот волумен на езерото изнесува 58,6 км3. Езерото е сместено во длабока и затворена котлина, на исток ограничена со планината Галичица (2288 м), а на запад со Јабланица (2257 м).

Се наоѓа на надморска височина од 695 метри. Во сливот на Охридското Езеро припаѓаат 40 реки, од кои 23 на албанска и 17 на македонска територија. Најголемата должина на Охридското Езеро изнесува околу 30 километри. Неговата широчина е различна - од максимална 15 км. до средна широчина од 11 км. Најголемата длабочина од 286 метри е измерена меѓу селата Пештани и Трпејца, на околу 5 км од езерскиот брег. Средната длабочина на езерото е 151 м. За бистрата вода чија провидност изнесува и до 22 метри, што претставува вистинска реткост помагаат бројните подводни врутоци и изворите кои се наоѓаат по должината на источниот и јужниот брег.

ПотеклоУреди

Потеклото на Охридското Езеро, гледано како езерски систем со Преспанското Езеро е тектонско. Двете езера претставуваат остатоци од базенот на поранешното Десаретско Езеро од кое настануваат по пат на геотектонска депресија за време на плиоценот (пред 5,3-1,8 милиони години). Неговата геолошка старост се проценува на околу 2-3 милиони години и како такво е најстаро во Европа. Ваквите езерски екосистеми се сметаат за центри на диверзитет и резервоари на еволуција во кои пред сè поради стабилноста на амбиенталната средина, изолираноста на екосистемот и долгото постоење доаѓа до процеси на рапидна еволуција на одредени групи на организми.

Флора и фаунаУреди

Природно и културно богатство на охридскиот регион
светско наследство на УНЕСКО
 
КритериумМешан: i, iii, iv, vii
Навод99
Запис1979 (3то заседание)
Дополнувања1980

За Охридското Езеро карактеристични се поголем број реликтни и ендемски организми. Групи најбогати со ендемски организми и воедно најистражувани групи на организми се дијатомеите (силикатни алги, Bacillariophyta), харите (група од зелените алги, Charophyta), потоа планариите (сплескани црви, Turbellaria), мекотелите (Molusca), особено полжавите (Gastropoda) и раковите (Crustacea). Во езерото живеат 17 видови на риби, од кои 10 се ендемски.[4] Тие се:[5]

Пастрмки

Бели риби

  • Охридски грунец - (Rutilus rubidio ochridanus)
  • Моранец - (Pachychilon pictuм)
  • Мало рипче - (Phoxinellus minutus)
  • Охридски клен - (Leuciscus cephalus albus)
  • Мало грунче - (Phoxinus phoxinus colchicus)
  • Охридска писа - (Scardinius erythrophthalmus scardafa)
  • Охридски скобуст - (Chondrostoma nasus ohridanus)
  • Дујак - (Gobio ohridanus)
  • Мрена - (Barbus meridionalis petenyi)
  • Плашица - (Alburnus albidus alborella)
  • Мало плашиче - (Alburnoides bipunctatus ochridanus)
  • Крап - (Cyprinus carpio)
  • Вретенушка - (Nemacheilus barbatulus sturanyi)
  • Охридска штипалка - (Cobitis taenia meridionalis)

Јагули

КлимаУреди

 
Охридски топчест сунѓер (Ochridospongia rotunda, Arndt), ендемски вид за езерото

Климата во Охридската Котлина е класифицирана како локално-континентална. Вообичаена средна тепмература достига до 11,4 Целзиусови степени. Средната месечна температура изнесува 21,2 степени во јули и август, со 34,4 е постигнат апсолутен максимум во август. Најниска средна месечна температура изнесува 1,5 степени во јануари , додека -17,2 степени е апсолутен минимум. Просечната вредност на врнежи во охридскиот басен приближно изнесува 759 mm.

Највообичаен ветер е оној кој дува од север, посебно во есен и зима. За време на летниот и зимскиот период дуваат ветрови во правец на југ и југоисток. Безначајни се југоисточните и источните ветрови. Дождливите и благите периоди се менуваат преку ден, посебно во лето. Утрата се карактеризираат со паузи помеѓу дувањето на северните ветрови и благите периоди. Временските услови стануваат многу различни попладне кога јужните и југоисточните ветрови ја менуваат стабилноста. Средната брзина на ветер во охридскиот регион е релативно ниска, 3,4 м /сек .

Температурата на водата во подлабоките слоеви од Охридско Езеро е приближно 6 C°, додека на површината водата може да се загрее до 24 степени, и во крајбрежните слоеви дури до 26 °C.

Археологија и историја на езеротоУреди

Бреговите на Охридското Езеро биле населени од предисториско време. Најстарите археолошки населби датираат од неолитскиот период, околу 6.000 години п.н.е. Само на македонската страна од сливот се откриени повеќе од 170 археолошки места.

Езерото низ минатотоУреди

Сликарот Никола Герман оставил неколку фото-записи за тоа како изгледало езерото и рибарството во Охрид по војната:

Охридското Езеро како мотив во уметноста и во популарната култураУреди

ГалеријаУреди

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. „Охридско Езеро - Инвестирајте во Македонија - Агенција за странски инвестиции на РМ“. Архивирано од изворникот на 2008-12-12. Посетено на 2021-08-28.
  2. „НАСА одлучи едно од езерата на Титан да се вика „Охридско Езеро". Макфакс. 21 октомври 2010. Архивирано од изворникот на 2012-06-15. Посетено на 21 октомври 2010. (македонски)
  3. Ohrid Lacus (Охридско Езеро) на Титан -“. Службен весник на планетарна номенклатура на Меѓународниот астрономски сојуз. 16 септември 2010. Посетено на 22 октомври 2010. (англиски)
  4. „Охрид и неговите ризници“. Општина Охрид. Архивирано од изворникот на 2011-07-19. Посетено на 2010-04-30.
  5. Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. 2009. стр. 1099. ISBN 9786082030241.
  6. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 267.

Надворешни врскиУреди