Клима во Македонија

(Пренасочено од Клима на Македонија)

Климата во Македонија се одликува со испреплетување на морските и континенталните влијанија и се судираат благата средоземна со острата континентална клима на многу специфичен начин. Морските влијанија предизвикуват сушно и топло лето, а континенталните влијанија студена и влажна зима.[1]

Сателитска снимка на Македонија во декември

Климатски региони и типови

уреди

Во Македонија се издвоени неколку карактеристични климатски региони: субмедитерански, регион со изразена транслатација на средоземната и континенталната клима, регион со континентална клима и регион со планинска клима.

Субмедитеранскиот регион ги зафаќа: Гевгелиско-валандовската и Дојранската Котлина, каде што најсилно се чувствуваат средоземните климатски влијанија. Во него во одделни години средоземните влијанија се потиснати, но и обратно, постојат години кога средоземните влијанија се чувствуваат по долината на реката Вардар до Скопје, по долината на реката Брегалница до Кочани и по долината на реката Струмица во Струмичко–радовишката Котлина. Регионот на изразена транслатација на континенталната и средоземната клима ги зафаќа Тиквешката, Велешката и Скопската Котлина, Овче Поле, Штипско и Кочанската Котлина, долината на реката Вардар, Струмичко–радовишката Котлина и по долината на реката Црн Дрим во Дебарската Котлина. На север по долината на реката Вардар климатското влијание брзо ослабува.

Регионот на континенталната клима најмногу се чувствува во Преспанската и Охридско-струшката Котлина (каде што се чувствува и влијанието од езерскиот басен), Кичевската, Бродската, Беровско-делчевската, Славишката, Полошката и Пелагониската Котлина.

Регионот на планинска клима ги зафаќа високите планини на Шарскиот и корапскиот планински систем, Јабланица, Баба, Јакупица и сите други високи планини во Македонија. Во нив над 2.200 метри постои вистинска планинска клима или таканаречената алпска клима. За разлика од неа, во сите планини под 1.000 м н.в., кои се определени како ниски планини, владее преодна, од котлинска во планинска клима.[2]

Во жешкиот топлински појас се јавуваат: екваторска, троска, пустинска и монсунска клима.

Според климатските и вегетативните специфики, Македонија е поделена на осум физичко-географски региони:
  • Субмедитеранско подрачје со 50-150 м надморска висина.
  • Умерено континентално-субмедитеранско подрачје со 600 м надморска висина.
  • Топло континентално подрачје од 600 до 900 м надморска висина.
  • Ладно континентално подрачје на висина од 900 до 1.100 м.
  • Подгорско континентално-планинско подрачје на висина од 1.100 до 1.300 метри.
  • Горско континентално-планинско, кое се јавува од 1.300 до 1.650 метри висина.
  • Субалпско планинско подрачје од 1.650 до 2.250 метри висина.
  • Алпско подрачје на висина од 2.250 метри.
Климатски факти:[3][4][5]
Место Регион Гео. ширина Гео. должина Надм. висина (м) Врнежи (мм) Температура
(°C)
Скопје Северно од Вардарската Долина 42° 00’ 21° 26’ 245 940 13,5
Кочани Источна Македонија 41° 50’ 22° 00’ 400 538 12,9
Охридско Езеро Југоисточна Македонија 41° 03’ 20° 42’ 693 759 11,4
Климатски податоци за Скопје:[6]
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Нов Дек
Максимална температура (°C) 5 10 13 18 23 28 31 30 26 20 10 7
Минимална температура (°C) -5 2 5 7 12 16 18 18 15 11 6 -2
Врнежи (највисоки просечни во мм) 100 103 113 175 201 123 132 102 109 127 124 141

Наводи

уреди
  1. Ангел Лазаревски, Климата во Македонија – врнежите во СР Македонија, „Географски разгледи“, кн. 8–9, Скопје, 1971.
  2. Михаило Зиков, Клима и климатска регионализација во Република Македонија, „Географски разгледи“, бр. 30, Скопје, 1995.
  3. „Official web-site of Skopje“. Архивирано од изворникот на 2011-07-21. Посетено на 2010-07-22.
  4. „Official web-site of Kočani“. Архивирано од изворникот на 2010-10-28. Посетено на 2010-07-22.
  5. „Web-site about the region of Ohrid“. Архивирано од изворникот на 2012-06-04. Посетено на 2010-07-22.
  6. Climatic data for Skopje