Таорска Клисура
Таорска Клисура — клисура во северно-средишниот дел на Македонија која се протега помеѓу селата Таор, Скопско[1] и Башино Село, Велешко во должина од 31 км, во долината на реката Вардар. Всечена е помеѓу источните падини на планината Јакупица од западната и Градишка Планина од источната страна. Клисурата се наоѓа на тектонски чувствително место и е со високи и стрмни долински страни, кои на некои места, како кај с. Новачани, достигаат до 535 м и се со различен геолошки состав. Во клисурата реката Вардар изградила неколку ерозивни проширувања, меѓу кои најпознато е она што се наоѓа меѓу селата Зелениково и Пакошево.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Таор е традиционално скопско село, а денес е во состав Општина Зелениково.
- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Таорска Клисура“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. стр. 1467. Text "series " ignored (help)