Солунско Поле
голема рамница во Егејска Македонија
(Пренасочено од Солунска Котлина)
Солунско Поле (грчки: Ο κάμπος της Θεσσαλονίκης, О кампос тис Тесалоникис) — најголемата рамница во Егејска Македонија (и воопшто, цела Македонија) и една од најголемите во Грција.
Сместено е во средиштето на Егејска Македонија и е оградено на југ од Солунскиот Залив, на запад од планината Каракамен (Вермио), на север од планината Пајак (Пајко), а од исток од планините Круша (Крусија) и Хортач (Хортијатис).
Низ Солунското Поле течат неколку важни реки: Бистрица (Алијакмонас), Колудеј (Лудијас), Вардар (Аксиос) и Галик (Галикос).[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Γκλαβέρης, Θεόδωρος Αθ., “Ο κάμπος της Θεσσαλονίκης”, Θεσσαλονίκη, 1998.
Оваа статија место во Егејска Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |