Драгор

река во Македонија

Драгор (поранешно име: Макофро)[1][2]река која тече низ Битола. Настанува од повеќе помали реки. Изворишниот дел го чинат повеќе водотеци што извираат од падините на Пелистер и тоа: Сапунчица, Лак Поток, Црвена Река и Клисурица. Во горните планински делови Драгорот минува низ селата Дихово и Братин Дол, а во долните делови сред Пелагонија (надморска височина од 576 м), се влева во Црна Река 1 км северозападно од селото Новаци.

Драгор
Карта
Местоположба
Физички особености
УстиеЦрна Река
 • надм. вис.
577 м
Должина25 км
Особености на сливот
Драгор во 1902 г. на осмалиска разгледница

Вкупната должина на Драгорот изнесува 25 км, со обем на вододелницата од 67 км, слив од 188 км2 и среден пад од 17,0%. Максимални месечни водостои и протоци реката Драгор има во април и мај поради пролетните врнежи и топењето на снегот на Пелистер, додека од јули до септември се jaвyвa минимум водостоj.

Само горниот тек на Драгорот има добар квалитет и биолошка разновидност. Од Битола до утоката во Црна Река Драгорот е без никаков жив свет поради индустриско загадување на водата.

Во 1896 коритото на Дрaгорот низ центарот на градот било регулирано со кеjови во должина од 3,5 км., длабоки повеќе од 4 м, и потоа со мостови и камени каскади.

Во 1962 градот бил поплавен и се стравувало дека ќе се случи катастрофа, доколку се случеше прелевање на водата која достигнала ниво до мостовите во градот. Сосема спротивно од тоа, во октомври 1966 се случило коритото да е сосема суво. Поради ваквите случаи, од 1983 со изградбата на доводниот собирен канал на води за Стрежевското Езеро се регулира нивото на водата во речното корито на Драгорот.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Lorenzo Bernardo (1999-08-12). „15, Macofro, presently known as Dragor“. Robert Elsie. Архивирано од изворникот на 2013-03-22. Посетено на 2013-05-01.
  2. Lorenzo Bernardo (1999-08-12). „Опис на патувањето на венецијанскиот пратеник Лоренцо Бернардо низ Македонија, во 1591 г“. Гл. иН и, XВ/1, Скопје, 1971 г. Архивирано од изворникот на 2007-08-12. Посетено на 2013-05-01.