Тумба — врв на планината Беласица во југоисточна Македонија на 1.881 м.н.в. На врвот се наоѓа тромеѓата меѓу Македонија, Бугарија и Грција,[1] односно Вардарска, Пиринска и Егејска Македонија.

Тумба
Τούμπα
Поглед на врвот Тумба
Највисока точка
Надм. вис.1.881 м
Координати41°20′18″N 22°55′39″E / 41.3383° СГШ; 22.9275° ИГД / 41.3383; 22.9275
Друго имеΤούμπα
Географија
Тумба на карта

Карта

Место Македонија
 Грција
 Бугарија
Матичен венецБеласица
Карта

До планината Беласица може да се стигне преку селото Смолари, кое се наоѓа на 28 километри од Струмица. Од Смолари се стигнува до планинарскиот дом „Шарена Чешма“. Потребни се 2,5 часа пешачење до домот и уште толку од таму до врвот Тумба.

Бидејќи овој врв се наоѓа на македонско-бугарската и македонско-грчката граница, потребно е да се добие дозвола за движење долж границата. Дозволата се издава во место на живеење. Патеката е обележана, а домот „Шарена Чешма“ работи по потреба, со претходна најава во планинарското друштво „Ентузијаст“ од Струмица. Од 2001 година секоја година во август се организира меѓународен планинарски поход за искачување на врвот, насловен „Балкан без граници“.

Приоди за искачување

уреди

Најпогодни приоди за искачување на врвот се следните:

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (биолошка и пределска разновидност)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 108. Посетено на 16 јануари 2024.

Надворешни врски

уреди