Чапји
Чапји Период: ипрес - денес | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Надред: | Нови птици |
Ред: | Пеликановидни |
Семејство: | Чапји Leach, 1820 |
Распространетост | |
Синоними | |
Cochlearidae |
Чапји (науч. Ardeidae) — семејство долгоноги птици од редот на пеликановидните (Pelecaniformes) кои живеат крај вода, и има околу 64 вида. Класификацијата на поодделни видови задава тешкотии, па понекогаш може да се сместат во нови редови и семејства. Тие се слични со штрковите, ибисите и лажичарките, а се разликуваат од нив по начинот на летање, бидејќи летаат со згрчен врат (а не со испружен).
Опис
уредиЧапјите се средни до големи птици, со долги нозе и вратови. Тие покажуваат сосема мал полов диморфизам во својата големина. Најмалатите чапји се долги 30 cm, а најголемите 152 cm. Вратот може да го држат во форма на S, да го издолжуваат и да го згрчуваат. Го држат згрчено за време на летање, за разлика од сите други долговрати птици. Нозете им се долги и силни, и речиси кај сите видови долниот дел им е без пердуви. Кога летаат, нозете и стапалата им се наназад. На нозете имаат долги тенки прсти, од кои три им се свртени нанапред, а еден наназад.[1] Клуновите им се обично долги и во облик на харпун. Варираат од многу фини, елегантни, до затапени и дебели. Клуновите, како и другите делови без перја им се обично жолти, црни или кафени, но и тие бои може да се менуваат во сезоната на парење. Пердувите на чапјите се меки, а перјето е сино, црно, кафено, сиво или бело.
Поведение
уредиИсхрана
уредиЧапјите се месојадци. Тие живеат крај вода, и нивната исхрана се состои претежно од водни животни: риби, водоземци, влекачи, водни инсекти и сл. Ловат, така што мирно стојат крај водата и чекаат пленот да се приближи во нивниот домет. Понекогаш, прават сенка со своите крилја, за подобро да гледаат во водата и се наведнуваат подолу, за клунот да им е поблиску до пленот. Кога ќе го здогледаат пленот, се движат малку лево-десно, да ја проценат положбата и потоа го прободуваат со својот клун. Во ловот, може да бидат и поактивни, а не само да стојат и чекаат, одејќи полека и гонејќи го пленот откако ќе го здогледаат. Понекогаш ги употребуваат нозете, за да го избркаат скриениот плен.[2]
Размножување
уредиЧапјите се моногамни и претежно се размножуваат во колонии. Во колониите може да живеат повеќе видови чапји како и други видови водни птици.[3] Прво мажјаците доаѓаат и го градат гнездото и со свои изведби ги привлекуваат женките. Откако ќе се спарат, заеднички продолжуваат да го градат гнездото. Гнездата ги градат до или над вода, врз вегатеација, ретко на земја.[1][3] Некои видови гнездата ги прават вискоко на дрвјата.[1] Вообичаено, чапјите излегнуваат 3-7 јајца. Тие се сјајно сини или бели, освен кај големите чапји кои имаат маслинасто-кафени јајца.[1]
Систематизација
уредиВо 2008 година, по извршените анализи и студии, семејството на чапјите беше ставена во редот на пеликановидните,[4] а претходно беа во редот на штрковидните.[5]
Во семејството на чапјите се разликуваат неколку потсемејства со нивните родови:
потсем. Tigrisomatinae
- род Cochlearius
- род Tigrisoma
- род Tigriornis
- род Zonerodius
потсем. Botaurinae
- род Zebrilus
- род Ixobrychus
- род Botaurus
потсем. Ardeinae
- род Zeltornis
- род Nycticorax
- род Nyctanassa
- род Gorsachius
- род Butorides
- род Agamia
- род Pilherodius
- род Ardeola
- род Bubulcus
- род Proardea
- род Ardea — типични чапји (11–17 вида)
- род Syrigma
- род Egretta
- род Mesophoyx
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Martínez-Vilalta, Albert; Motis, Anna (1992). „Family Ardeidae (Herons)“. Во del Hoyo, Josep; Elliott, Andrew; Sargatal, Jordi (уред.). Handbook of the Birds of the World. Volume 1, Ostriches to Ducks. Barcelona: Lynx Edicions. стр. 376–403. ISBN 978-84-87334-10-8.
- ↑ Meyerriecks, Andrew (1966). „Additional Observations on "Foot-Stirring" Feeding Behavior in Herons“ (PDF). The Auk. 83 (3): 471–472. doi:10.2307/4083060.
- ↑ 3,0 3,1 Hilaluddin, Aisha S.; A.Khan, Yahya; Kaul, H. R. (2006). „Nesting ecology of Cattle Egrets and Little Egrets in Amroha, Uttar Pradesh,India“ (PDF). Forktail. 22. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-06-10. Посетено на 2013-04-22.
- ↑ Hackett, Shannon J.; T., R.; Reddy, S.; Bowie, R. C. K.; Braun, E. L.; Braun, M. J.; Chojnowski, J. L.; Cox, W. A.; Han, K.-L.; и др. (2008). „A Phylogenomic Study of Birds Reveals Their Evolutionary History“. Science (journal). 320 (5884): 1763–1768. doi:10.1126/science.1157704. PMID 18583609.
- ↑ Gill, F. & D. Donsker (Eds). (2010). Family Links Архивирано на 18 февруари 2013 г.. IOC World Bird Names (version 2.4).
Надворешни врски
уреди„Чапји“ на Ризницата ? |
- Чапји на Викивидовите ?
- Заштита на чапјите — стручна група на МСЗП (англиски)
- Видеа со чапји — Семрежна збирка на птици