Кочанска Река
Кочанска Река — река во Кочанско, источна Македонија. извира од јужната страна на Лопенско Било на Осогово, во месноста Ретки Буки, на надморска височина од 1.630 метри. Во Брегалница се влева кај селото Чифлик, на надморска височина од 295 метри. Реката има развиено извориште со широка долина, која до Кочани е клисуреста, а потоа до вливот тече како рамничарска река. Вкупната должина на Кочанска Река изнесува 34 километри.[1]
Кочанска Река | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Брегалница кај с. Чифлик |
• надморска височина | 295 м |
Должина | 34 км |
Особености на сливот |
Во планинскиот дел прима поголем број притоки, како што се Лопенска, Рамнобрдска и Мала Река. Сите тие доаѓаат од десната страна, поради што Кочанска Река има разгранета, но асиметрична хидрографска мрежа.
Највисок водостој реката има во текот на април и мај кога се топи снегот од високите планински врвови, а најнизок во јули и август, кога врнежите се минимални, а испарувањето поради високите темепратури на воздухот е големо.
Реката има доста голем пад (39,3%) што овозможило во нејзиното корито кај селото Долно Гратче да се изгради вештачка акумулација, која според селото го добила името Гратче.
НазивУреди
Своето име реката го добила според најголемото населено место низ кое протекува, градот Кочани. Меѓутоа, меѓу месното население таа е позната и како Крива Река.
Потврда за ова наоѓаме и во народната песна „Кочански сејмени“:
Ајде ред се редат мале,
море ред се редат
кочански сејмени, мила мале
кочански сејмени.
Ајде ќе ми одат, мале
ајде ќе ми одат,
покрај Крива Река
мила мале, покрај Крива Река...
ПоврзаноУреди
- Кочанска Река (Жижевска Река) — истоимена река во југоисточна Пиринска Македонија
НаводиУреди
- ↑ Кочани и Кочанско од праисторијата до денес, монографија, издавач: Општина Кочани, декември 2003