Сопот
Сопот е име на населени места и месности, топоним присутен во повеќе словенски земји во Европа. Од основната именка Сопот, се изведени и други именски форми за населени места, месности и географски предели како ридови, реки, езера, потоци.
Потекло и значење на именката Сопот
уредиЗа потеклото на името Сопот се смета дека доаѓа од исчезнатата именка сопот во словенските јазици со значење: 1. шумење, жуборење на вода; 2. извор, водопад[1]. Именката сопот може да означува: на старословенски: цевка; на српскохрватски: извор кој со силен шум продира од земјата, водопад; на словенечки: испарување, водопад, на бугарски: дрвена цевка низ која тече вода, вода што тече низ бразда[1].
Околу потеклото и значењето на името Сопот може да се поврзе и претпоставката за потеклото на името на Сопиште од јазичарот П.Скок, кој сметал дека е изведено од глаголот (ст. слов.) сопсти, но не во значење на пеење туку на задишување[2]. Според тоа, името Сопиште означува тешко пристапно место во ридски предел до кое треба да се задиши човек додека да дојде[3].
За потеклото и значењето на името Сопот, може да се поврзат и глаголот сопна, сопнување од современиот македонски јазик, што означува тешкотии при одењето и пристапноста, што може да укажува на тоа дека Сопот означува тешко достапно, односно место со отежнат пристап, што донекаде може да се поткрепи со ридската местоположба на селата со имиња Сопот во Македонија.
Населени места со име Сопот
уредиНаселени места со име Сопот, или именски облици изведени од именката Сопот се среќаваат во повеќе словенски земји во Европа, како и во земји во кои живее словенско население како што се места со тоа име во кои живеат Македонци во Албанија и Грција.
Македонија
уреди- Сопот - велешко село;
- Сопот - кумановско село;
- Сопот - кавадаречко село;
- Сопот - светиниколско село;
- Сопот - поранешно костурско село;
како и селата чии имиња се изведени од именката Сопот-:
- Сопотница - село во демирхисарско (Железник) и поранешна општина
- Сопотник (Риза) — село на Халкидик, Егејска Македонија
- Сопотско - село во ресенско
- Сопиште - село и општина во скопско
Бугарија
уредиХрватска
уредиСрбија
уреди- Општина Сопот - белградска општина;
- Сопот - град во Србија;
Албанија
уреди- Сопот - албанско село
Полска
уреди- Сопот - град во Полска
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Иванова Олга. „Речник на топонимите во областа по сливот на Брегалница“. Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје, 1996. стр. 547
- ↑ Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет на Универзитетот Скопје, 1958 г. стр.128
- ↑ Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет на Универзитетот Скопје, 1958 г. стр.129
На оваа појаснителна страница се наведени статии — примероци кои се однесуваат на насловот Сопот. Доколку овде ве доведе внатрешна врска, предлагаме да ја смените, за да води право на саканата статија. |