Малме
Малме (швед. Malmö) — трет град по населеност во Шведска. Се наоѓа во јужниот дел од земјата, во округот Сконе. Со Ересундскиот мост е поврзан со Копенхаген, главниот град на данска, кој од Малме е оддалечен 25 км.
Малме Malmö | ||
---|---|---|
Разни знаменитости на Малме | ||
Координати: 55°35′N 13°02′E / 55.583° СГШ; 13.033° ИГД | ||
Површина | ||
• Градска | 158,39 км2 (6,115 ми2) | |
• Земјишна | 156,87 км2 (6,057 ми2) | |
• Вода | 1,52 км2 (59 ми2) | |
• Градска | 76,81 км2 (2,966 ми2) | |
• Метро | 2,521,92 км2 (0,97.372 ми2) | |
Население (31 март 2012) | ||
• Градско | 303,873 | |
• Густина | 1,937/км2 (5,02/ми2) | |
• Градскo | 280,415 | |
• Градска | 3.650,7/км2 (94,550/ми2) | |
• Метро | 664,428 | |
• Метро | 263,5/км2 (6,820/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Мреж. место | www.malmo.se www.malmotown.com |
Градот Малме кон крајот на јуни 2008 г. имал 282.904 жители, а поширокото градско подрачје и уште 11 општини заедно имаат 628.388 жители.
Се претпоставува дека Малме е основан во XIII век, а најстарите сочувани записи за статусот на градот датираат од 1353 г., кога градот бил под Данска власт. Малме со векови бил втор град по големина во земјата, додека не станал дел од Шведска со Роскилдскиот мировен договор од 1658 г.
Потекло на поимот
уредиОригиналното име на Малме е Малмхауг, што во превод би значело „песочен рид“. Има и други места во Шведска со истото име и истото значење.
Географија
уредиМалме се наоѓа во краниот југ на Шведска, поточно во југозападниот дел на регијата и историската покраина Сканија, на брегот на мореузот Ересунд. На спротивниот брег Ересунд се наоѓа главниот град на Данска, Копенхаген, со кој Малме од 2000 г. е поврзан со Ересундскиот мост, односно со комбиниран тунел-мост, за сега најдолг пат од таков тип во Европа. Оддалеченоста на Малме од Копенхаген е околу 25 км. Самиот мост е долг 8 км.
Поширокото градско подрачје на Малме кое го сочинуваат општина Малме и уште 11 општини со вкупна површина од 2.535,76 км2, а општината Малме има 156,46 км2, додека урбаниот дел на општина Малме има 71,76 км2.
Клима
уредиКлимата на овој простор е претежно океанска и умерена. Релативно е блага во споредба со климата на другите локации кои се наоѓаат и појјужно од Малме благодарејќи на топлата Голфска струја. Летните денови во Малме имаат 16 сончеви часови, а најкраткиот зимски ден има само 8 часа. Летата се умерени и се случува периодично температурата да достигне и над 25°С. Најтопол месец е јули со висока температура и тоа од 21°С и просечна ниска температура до 13°С. Зимите се умерено студени и најладен месец е јануари и февруари со просечна висока температура од 2°С, а просечна ниска од -3°С. Снег има од декември до март, но кога снегот падне бргу се растопи.
Врнежите годишно изнесуваат 603мм и просечно 169 дождливи денови.
Историја
уредиВо XII век постоела населба која се наоѓала на подрачјето на денешниот четврти Тријангелн. Во XII век започнала изградбата на градот на брегот на Ересунд, чиј иницијатор најверојатно бил тогашниот дански надбискуп. Богатиот риболовен терен придонел за брз развој на Малме кој по значење го поминал до тогаш културното средиште на Сканија, градот Лунд. Најстарите сочувани записи за статусот на градот датираат од 1353 г. Во овој век изградени се и најстарите денес сочувани градби на Малме, комплекс од згради Тунелн и Црква Св. Петар.
Во XV век Малме спаѓал во најаголемите градови во Данска со своите 5.000 жители. Станал најважен трговски град на Ересунд и градот Ханзата, под заштита на Ерик Померански. Изграден е поголем број тврдини од кои денес е сочуван само дворецот Мамехус кој е изграден во 1434 г. Својот денешен изглед дворецот го добил во XI век, кој претставува златно време на економскиот развој на Малме. Тогаш до Малме пристигнале и лутеранските учења и населението е преобратено во протестантство (1527-1529).
Економијата на градот стагнирала во XII век поради данско-шведските војни. Во 1658 г. Малме припаднал на Шведска со Росколдскиот мировен договор. Данци во неколку наврати се обидувале да го вратат Малме по своја власт, на пример во јуни 1677 г. кога данската војска со 16.000 луѓе се обидела да го освои градот, но без успех. Наскоро градот го погодува и црната смрт, односно чума, и Малме во 1728 г. има дури 1.500 жители.
Потоа Малме почнува да се опоравува и до 1800 г., бројот на населението пораснал на 38.054 жители. Кон крајот на XIII век изградена е и првото пристаниште во Малме што придонело до развој на градот. Иницијатор на тоа бил Франс Суел.
Во XIX век изградена е железница (1850-1870) која ја условила индустријализацијата на градот. Малме од тогаш станал традиционално работнички град. Во 1870 г., Малме го надминал Норчепиг и станал трет град по големина во Шведска. Во 1900 г. има само 60.000 жители, во 1915 г. имал 100.000 жители, во 1952 - 200.000 жители, и во 1971 ја надминал бројката од 265.000 жители. Од 1990 до 1995 г. Малме изгубил 25.000 работни места.
Од тогаш економијата полека се подобрува, но Малме останува град со прилично висок број на невработени лица и град на социјална поделба и сегрегација. Богатите населени места претежно се наоѓаат во западните делови на градот, а сиромашните во источниот дел. Во 1990 г. бројот на население пораснал, помеѓу другото поради приливот на избеглици од војната на погодената Југославија. Во 1995 г., започнала изградба на Ересундскиот мост чија градба траела до 2 јули 2000 г., кога мостот е свечено отворен. Истовремено е изградено и целото ново градско населено место под име Вестра Хамен (западно пристаниште). Во 2005 г. започната е градбата на Сититунел, подземниот тунел за железнички сообраќај кој ја подобрил комуникацијата со Копенхаген.
Демографија
уредиГрадот Малме кон крајот на јуни 2008 г. имал 282.904 жители, а поширокото градско подрачје на Малме и уште 11 општини има вкупно 628.388 жители. Се проценува дека градот до 2013 г. ќе има 301.600 жители.
Малме е мултикултурен град во кој живеат припадници на 166 национални групи кои зборуваат околу 100 јазици. Дури 35,9% од населението(не вклучувајќи го поширокото подрачје на градот) со потекло од ругите држави, а кај децата до 17 години тој број изнесувал 42,8% во 2006 г.
Според податоците од 2005 г. доселениците во Малме се родени во следните држави:
- Југославија (9.160)
- Ирак (6.153)
- Данска (5.815)
- Полска (5.508)
- Босна и Херцеговина (5.451)
- Либија (3.029)
- Иран (2.871)
- Унгарија (1.837)
- Финска (1.696)
- Германија (1.689)
Во Малме живеат и најголемите групи на Роми во Шведска која брои 8.000 лица од 2007 г.
Во 2005 г. само две општини во Шведска имаат поголем процент лица кои се родени во странството, Хапаранд и Батширк.
Движење на бројот на населението
уредиДвижењето на бројот на населението на преминот помеѓу XIX век и XX век: 1990: 223.683 1995: 234.599 2000: 248.520 2005: 258.020
Сегрегација
уредиМалме е еден од најподелените градови во Европа што се однесува на етничката структура. Странците претежно живеат во североисточниот и јужниот дел на градот. Градската област со најголема стапка на странци е Русенгорд, каде 25% од населението го сочинуваат муслимани и постои страв дека тие ќе станат ниска класа.
Познати личности
уредиПолитика
уредиМалме е традиционално работнички град и на чело на градската власт била Социјалдемократската партија од 1919 сè до 1985 г. Од 1995 градоначалник на Малме е Илмар Репалу од истата партија.
Собранието на општина Малме има 61 пратеник кои се бираат на изборите на секои четири години. Од 1919 Социјалдемократската партија само двапати не формирала мнозинство во собранието, 1985–1988. и 1991–1994 г., кога мнозинство била коалицијата на десницата.
Збратимени градови
уредиСледниве градови се збратимени со Малме:
Галерија
уреди-
Сателитска снимка
-
Панорама ан Малме
-
Поглед кон центарто и стариот дел на градот
-
Поглед кон јужниот дел на градот
-
Градската куќа
-
Црква Св. Петар
-
Зградата Тернинг Торзо
-
Пилдамски парк
-
Дворец Малмехус
-
Зграда Кокумс
-
Градска библиотека
-
Казино Космопол
Надворешни врски
уреди„Малме“ на Ризницата ? |
- Градски портал на Малме (шведски) (англиски)
- Сè за Малме (шведски)
- Фестивалот на Малме Архивирано на 7 април 2005 г. (англиски)
- Сателитски снимки од Малме (англиски)