Меѓународен аеродром Скопје
Меѓународен аеродром Скопје (IATA: SKP, ICAO: LWSK), порано Аеродром „Александар Велики“ — Скопје, познат и како Аеродром Петровец (именуван по неговото најблиско село Петровец) и Аеродром Скопје — најголемиот и најпрометниот меѓународен аеродром во Македонија. Другиот е Аеродромот Свети Апостол Павле во Охрид.
Меѓународен аеродром Скопје | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
![]() Меѓународен аеродром Скопје, 2018 г. | |||||||||||
Општо | |||||||||||
Аеродромски вид | Јавен/Воен | ||||||||||
Оператор | ТАВ Аеродроми | ||||||||||
Служи за | Скопје | ||||||||||
Местоположба | Петровец, Македонија | ||||||||||
Јазол за | Wizz Air | ||||||||||
Надм. височина | 238 м / 781 ст | ||||||||||
Мрежно место | skp.airports.com.mk | ||||||||||
Карта | |||||||||||
Писта | |||||||||||
| |||||||||||
Статистика (2019) | |||||||||||
| |||||||||||

На 27 декември 2006 година, македонската влада ги промени името на аеродромот, од „Аеродром Скопје“, во „Аеродром Александар Велики“.[3][4] Ова преименување дополнително ги влоши грчко-македонски односи, бидејќи двете држави го сметаат Александар Македонски како свој.
Во последните години, аеродромот забележува одлични резултати, остварувајќи рекорден број на поминати патници низ него во 2015 година.
Во февруари 2018 година, премиерот Зоран Заев најавил дека во духот на помирувањето на Македонија со Грција ќе биде предложено аеродромот да биде преименуван во „Меѓународен аеродром Скопје“.[5] Одлуката била официјално усвоена и објавена во Службениот весник на 14 февруари.[6]
Историја Уреди
Првиот аеродром бил изграден во 1928 година, на 3 км оддалеченост од центарот на градот (денешна населба Аеродром), по дваесет години од првиот историски лет на браќата Рајт. Тој аеродром имаше меѓународна класификација, а се користеше само за дневни домашни и чартер летови. Пред Втората светска војна, во периодот од 1935-1936 година, покрај Аеродромот Скопје во употреба беше и Аеродромот Битола.
Првиот патнички авион кој слета на Аеродромот Скопје беше „Потез 29“ од француско производство, додека пак првиот лет беше на релација Белград-Скопје-Подгорица-Мостар-Сараево-Белград. Тој превезе 5 патници и 290 кг товар.
Во 1929 година била воспоставена авионска линија Солун-Скопје-Белград. Времето на тргнување било така планирано што на патниците и трговците од Солун им овозможувало заштеда на време. Авионите поаѓале во 7 часот наутро. Големиот жупан на Скопје, Антонио Вилдовиќ, во 1925 година, како вљубеник во воздухопловството и прв човек на власта, купил еден француски авион “Каљдран”, прв цивилен (спортски) авион во Кралството Југославија.
Прв пилот бил М. Јерошенко. Есента 1926 година бил одржан првиот аеромитинг со учество на воени авиони и пригодна програма. Секоја година се одржувале аеромитинзи во Зајчев рид и во стариот Аеродром. Посетителите на аеромитинзите за 30 динари можеле да пробаат да летаат со авион. Како куриозитет старите Скопјани го сметаат слетувањето на Еми Џонсон, една од првите жени-пилоти во светот, на скопскиот аеродром во 1930 година при нејзиното враќање од Австралија за Лондон. Во 1937 година во договор со авионското друштво „Аеропут“ и Сидна, Министерството за сообраќај воспоставило авионски сообраќај со Кралството и странство. Со оваа линија стасувал и весникот „Правда“ од Белград.
Првиот меѓународен лет се изврши во 1930 година на релација Виена-Грац-Загреб-Белград-Скопје-Солун.
По Втората светска војна, во 1946 година беше воспоставена линија на релација Белград-Скопје со 5-6 летови секој работен ден во неделата, со авион ДЦ-3 (23 седишта). Во 1951 година беше воспоставен лет на релација Белград-Скопје-Солун-Атина, а по три години Белград-Скопје-Истанбул.
Во 1963 година до катастрофалниот земјотрес и по проширувањето на градот потоа, аеродромот остана на истото место.
Во 1987 година се изгради новата терминална зграда на местото на стариот аеродром со забележително поголем капацитет. Во временскиот период 1993-95 година се заврши надворешната реконструкција и проширување.
Фактори кои имаа влијание на обемот на сообраќај на Аеродром Скопје во изминатите години:
- периодот 1989-1991 во СФРЈ - голем број на домашни летови
- периодот 1991-1992 осамостојување на РМ - само летови за странство, само чартер летови
- периодот 1992-1995 санкции во СРЈ - зголемување на бројот на операциите и патниците, воспоставување на редовни линии кон некои одредишта
- 1996 - реконструкција на пистата на Аеродром Скопје - затвореност на аеродромот 2.5 месеци и намалување на обемот на сообраќај
- 1998 - делумни санкции на СРЈ - зголемување на бројот на трансферните патници
- 1999 - (Косовска криза) делумно затворање на регионот (пренасочување на патниците од Аеродром Приштина) , зголемен број на хуманитарни и војни операции.
- 2000 - нормализирање на состојбите во регионот, зголемен број на редовни линии, сѐ уште се пренасочуваат патниците од Приштина
- 1999 и 2000 год - зголемен обем на сообраќај во однос на претходните години приближно за пола. Од септември 2000 почнува да се намалува пренасочувањето на патниците од Приштина, така што во 2001 година се враќа обемот на сообраќај на ниво пред 1999 година.
- 2001 - нарушување на состојбите во земјата на работ на војна, и состојбите во вкупното воздухопловство во светот поради терористички активности, откажување на редовни линии и престанок на оперирање на неколку редовни авиопревозници, мал број на чартер линиии, обид за воведување на домашен сообраќај.
- 2002 - состојбата се нормализира така што имаме минимално зголемување на бројот на патници во однос на претходната година, но се намалува бројот на воени летови што влијае на намалување на бројот на операции.
- 2003 - Ирачката војна и САРС синдромот на почетокот на годината предизвикаа глобално намалување на обемот на сообраќај во светот. Кај нас, континуираното намалување на migrant чартерите (за Цирих и Германија), како и на воените летови продолжува, додека постои тренд на зголемување на редовните линии.
- 2004 - Благо опоравување во однос на претходната година кога имаше намалување на сообраќајот, што претежно се должи на воведување на 4 нови странски редовни превозници.
- 2005 - Зголемување на сообраќајот во однос на претходната година, Намалување кај туристичките чартери, особено по случувањата во Шарм ел Шеик кон крајот на јули.
- 2006 - Воведување EDS DCS систем за компјутерско чекирање од 16 јануари, пораст на сообраќајот за 4% во однос на 2005 г. Во структурата на сообраќајот најголем удел имаат редовните линии на кои се превезле 94% од вкупниот број на патници.
- 2011 - Пуштена во функција новата, десетпати поголема терминална зграда, дел од проектот за модернизација на аеродромскиот комплекс вреден 100 милиони евра.[7]
Во структурата на сообраќајот, карактеристично е дека во периодот пред 10 години учеството на редовните линии во вкупниот број на операции бил 10% наспроти чартер линиите кои учествувале со дури 74%. Оттогаш наваму, редовните линии постојано се зголемуваат, а чартерите се намалуваат.
На оддалеченост од 50 км не постои друг аеродром, а на оддалеченост од околу 100 км е аеродромот во Приштина, а на оддалеченост од 200 км се аеродромите во Солун, Охрид, Ниш, Тирана, Подгорица и Софија.
Избор на концесионер за реновирање на аеродромот Уреди
Како дел од прогресот кон членството на ЕУ, Република Македонија треба да изврши реформа на националниот сектор за воздухопловство. Една од клучните цели на оваа реформа е да се олесни можноста за учество на приватниот сектор во финансирањето, развојот, оперирањето и одржувањето на аеродромите во Република Македонија. Во овој контекст, Владата на Република Македонија, преку Министерството за транспорт и врски се обидува да ја подобри техничката и финансиска позиција на националниот аеродромски систем, кој се состои од аеродромот „Александар Велики“ – Скопје, „Св. Апостол Павле“– Охрид и изградба на новиот карго-аеродром во Штип. Проектот ќе вклучува: (I) управување, оперирањето и одржувањето на сите три аеродроми, (II) градежништво, набавка и изградба на нова терминална зграда и соодветната придружна инфраструктура на аеродромот „Александар Велики“ – Скопје, (III) реновирање на одредени капацитети на аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид и (IV) изградба на нов карго-аеродром во Штип. Турската компанија „TAV“ е единствената која достави понуда на тендерот за издавање на аеродромите „Александар Велики“ - Скопје и „Св. Апостол Павле“ - Охрид, и за изградба на карго-аеродром во Штип. Турската компанија „TAV“ е единствената која достави понуда на тендерот за издавање на аеродромите „Александар Велики“ - Скопје и „Св. Апостол Павле“ - Охрид, и за изградба на карго-аеродром во Штип.
Авиопревозници и одредишта Уреди
Авиопревозници | Дестинации |
---|---|
Aegean Airlines | Атина |
Air Cairo | Хургада |
Air Serbia | Белград |
AnadoluJet | Сезонски: Анталија, Бодрум |
Austrian Airlines | Виена |
Chair Airlines | Цирих |
Croatia Airlines | Загреб |
easyJet | Женева |
Edelweiss Air | Цирих |
Enter Air | Сезонски: Базел/Милуз |
FlyEgypt | Сезонски чартер: Хургада |
LOT Polish Airlines | Варшава–Шопен |
Norwegian Air Shuttle | Сезонски: Осло (почнувајќи од 23 јуни 2023)[8] |
Nouvelair | Сезонски чартер: Монастир |
Pegasus Airlines | Истанбул–Сабиха Ѓокчен, Измир |
SunExpress | Сезонски: Анталија, Измир |
Turkish Airlines | Истанбул |
Wizz Air | Базел/Милуз, Бове, Берлин, Болоња, Братислава, Бремен, Будимпешта, Шарлроа, Келн/Бон, Копенхаген, Дортмунд, Ајндховен, Фридрихсхафен, Гетеборг, Хан, Хамбург, Карлсруе/Баден-Баден, Лондон-Лутон, Малме, Меминген, Милано–Малпенза, Нирнберг, Рим-Чампино, Сандефјорд, Стокхолм–Скавста, Тревизо Сезонски: Малта, Векше |
Карта на дестинации |
---|
Статистика Уреди
Погледнете го необработеното барање + препораки на за Wikidata.
Година | Патници | Промена | Карго (тони) | Промена | Движења на авиони | Промена |
---|---|---|---|---|---|---|
1990 | 312,492 | 1,872 | 3,466 | |||
1991 | 397,660 | ▲27,3% | 1,088 | ▼41,9% | 7,158 | ▲106,5% |
1992 | 390,025 | ▼1,9% | 1,023 | ▼6,0% | 7,079 | ▼1,1% |
1993 | 577,425 | ▲48,0% | 4,338 | ▲324,0% | 10,681 | ▲50,9% |
1994 | 603,447 | ▲4,5% | 6,936 | ▲59,9% | 10,803 | ▲1,1% |
1995 | 583,053 | ▼3,4% | 10,205 | ▲47,1% | 11,692 | ▲8,2% |
1996 | 422,598 | ▼27,5% | 3,209 | ▼68,6% | 8,618 | ▼26,3% |
1997 | 440,988 | ▲4,4% | 4,881 | ▲52,1% | 8,995 | ▲4,4% |
1998 | 511,784 | ▲16,1% | 5,239 | ▲7,3% | 10,321 | ▲14,7% |
1999 | 840,985 | ▲64,3% | 11,682 | ▲123,0% | 23,912 | ▲131,7% |
2000 | 1,005,852 | ▲19,6% | 4,335 | ▼62,9% | 24,234 | ▲1,3% |
2001 | 499,789 | ▼50,3% | 3,262 | ▼28,8% | 16,673 | ▼31,2% |
2002 | 520,497 | ▲4,1% | 3,271 | ▲0,3% | 13,725 | ▼17,7% |
2003 | 500,012 | ▼3,9% | 2,083 | ▼36,3% | 12,428 | ▼9,4% |
2004 | 497,105 | ▼0,6% | 2,004 | ▼3,8% | 10,940 | ▼12,0% |
2005 | 525,965 | ▲5,8% | 1,815 | ▼9,4% | 12,101 | ▲10,6% |
2006 | 547,198 | ▲4,0% | 1,903 | ▲4,8% | 12,637 | ▲4,4% |
2007 | 626,144 | ▲14,4% | 2,194 | ▲15,3% | 13,085 | ▲3,5% |
2008 | 658,367 | ▲5,1% | 2,771 | ▲26,3% | 10,666 | ▼18,5% |
2009 | 602,298 | ▼8,5% | 2,125 | ▼23,3% | 9,871 | ▼7,5% |
2010 | 716,000 | ▲18,9% | - | - | - | - |
2011 | 759,918 | ▲6,1% | 2,376 | - | 10,977 | - |
2012 | 828,831 | ▲9,1% | 2,297 | ▼3.3% | 10,418 | ▼5.1% |
2013 | 984,407 | ▲18,8% | 2,504 | ▲9.0% | 11,276 | ▲8.2% |
2014 | 1,208,359 | ▲22,7% | 3,422 | ▲36.7% | 13,210 | ▲17.2% |
2015 | 1,452,465 | ▲20,2% | 2,649 | ▼22.6% | 14,451 | ▲9.4% |
2016 | 1,649,374 | ▲13,6% | 3,090 | ▲10,9% | 15,407 | ▲6.6% |
2017 | 1,868,272 | ▲13,3% | 2,744 | ▼11.2% | 16,680 | ▲8.3% |
2018 | 2,158,258 | ▲15.5% | 3,298 | ▲20.2% | 18,188 | ▲9.0% |
2019 | 2,360,400 | ▲9,4% | 3,407 | ▲3.3% | 19,177 | ▲5.4% |
2020 | 709,241 | ▼70.0% | 2,132 | ▼37.4% | 7,625 | ▼60.2% |
2021 | 1,266,230 | ▲78.5% | 3,039 | ▲42.5% | 12,056 | ▲58.1% |
2022 | 2,139,191 | ▲68.9% | 2,635 | ▲13.3% | 15,923 | ▲32.1% |
2023(01.01-31.05) | 957,719 | ▲47.5% | 990 | ▲11.3% | 6,988 | ▲40.1% |
Најголеми авиопревозници (2022) Уреди
Ранг | Превозник | Удел на пазарот | ||
---|---|---|---|---|
1 | Wizz Air | 59,3% | ||
2 | Turkish Airlines | 11.0% (incl. AnadoluJet) | ||
3 | Pegasus Airlines | 6.7% | ||
4 | Austrian Airlines | 6.2% | ||
5 | Chair Airlines | 4.9% | ||
Извор: [9] |
Историја на несреќи Уреди
- На 24 јули 1992, Antonov 12BK на Volga Dnepr Airlines, се урна на планината Лисец при слетување на Аеродромот Скопје, откако екипажот излегол од курсот кога се обидувал да помине низ олуја бидејќи DME на Аеродромот во Скопје не работел. Сите 8 луѓе го изгубиле животот.[10]
- На 5 март 1993, авион од типот Fokker F100 на Palair Macedonia кој летал до Цирих, се урнал неколку секунди после полетувањето од пистата 34. Истрагата за несреќата ја открила причината која лежела во екипажот. Имено тие не го одмразиле леталото пред заминувањето. Од 97 луѓе во авионот, 81 загинале.
- На 12 јануари 2008, хеликоптер од типот Mil Mi-17 на Македонски воздушни сили, кој летал од Мостар до Скопје се срушил на рид близу до Катлановско Блато во густа магла и изгорел. Сите 11 луѓе го загубиле животот.[11]
- На 13 февруари 2009 година, авион од типот Bombardier Dash 8 Q400 на Austrian Airlines кој летал од Скопје за Виена, не успеал да ги вовлече тркалата при полетување и направил итно слетување на аеродромот во Скопје.[12][13][14]
- На 13 февруари 2009 година, авион од типот Bombardier Dash 8 Q400 на MALÉV, од Будимпешта за Скопје, направил итно слетување откако пилотот во 16:05 часот пријавил дека десниот мотор не работи ,додека снижувал за слетување во Скопје. Немало повредени патници.[14][15][16]
- На 14 ноември 2011, приватна Socata TBM700N (TBM850), која летала од аеродромот во Мастрихт до Скопје, удрила неколку врвови на дрвја, сигналните цветла на аеродромот при слетување и го промашила продолжениот асфалтиран дел од пистата и се приземјила на трева. Сите 5 луѓе избегале неповредени.[17]
- На 11 февруари 2012, Boeing 737-55S на Czech Airlines, од Прага до Скопје направил итно слетување во Скопје поради чад кој излегувал од авионот. Аеродромските противпожарни возила и амбуланти биле спремни. Сите патници избегале неповредени.[18]
- На 6 септември 2016, приватен Piper PA-34-200T Seneca II се сруши близу Ветерско, Велес при слетување во Скопје. Сите 6 патници загинале.[19]
Транспорт до аеродром Уреди
Такси превозот до Скопје(аеродромските такси возила и веќе резервираните такси возила се поевтини) не би требал да чини повеќе од 1,220 денари.
Има автобуска линија која го поврзува Скопје со аеродромот(со застанување кај Capitol Mall ,Железничката станица и Hotel Holiday Inn/City Centre).
Наводи Уреди
- ↑ Ex-YU Aviation. TAV Airports. 2012. стр. 86. Посетено на 2018-01-14.
- ↑ EAD - Аеродром „Александар Велики“ Архивирано на 22 март 2012 г. (англиски)
- ↑ „Презимето на Александар летна од аеродромот“ Архивирано на 4 март 2016 г., „Дневник“, 29.12.2006
- ↑ Службен весник на РМ 1/07
- ↑ „Владата одлучи скопскиот аеродром да се вика „Mеѓународен аеродром Скопје", автопатот „Александар Македонски" преименуван во Пријателство“. ТВ 21. 6 февруари 2018. Посетено на 8 февруари 2018.
- ↑ „Официјално: Преименувани автопатот и аеродромот“. Република. 15 февруари 2018. Архивирано од изворникот на 2018-02-15. Посетено на 15 февруари 2018.
- ↑ „„Александар Велики" ги пречекува првите патници“. Радио Слободна Европа. 9 септември 2011. Посетено на 23 мај 2020.
- ↑ Norwegian to enter Macedonian market
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеauto
. - ↑ https://aviation-safety.net/database/record.php?id=19920724-1
- ↑ https://aviation-safety.net/wikibase/wiki.php?id=22611
- ↑ „My Info Agent“. Архивирано од изворникот на 2012-02-24. Посетено на 7 May 2016.
- ↑ „2 Dash 8 emergency landings in Skopje, Macedonia - PPRuNe Forums“. Посетено на 7 May 2016.
- ↑ 14,0 14,1 „AUA-Maschine musste nach Start in Skopje umkehren“. derStandard.at. Посетено на 7 May 2016.
- ↑ „Dva prinudna sletanja u Skoplju“. B92.net. Посетено на 7 May 2016.
- ↑ „Page Redirection“. Посетено на 7 May 2016.
- ↑ https://aviation-safety.net/wikibase/wiki.php?id=139922
- ↑ https://aviation-safety.net/wikibase/wiki.php?id=143672
- ↑ https://aviation-safety.net/wikibase/wiki.php?id=189853
Надворешни врски Уреди
„Меѓународен аеродром Скопје“ на Ризницата ? |
- Матична страница
- Историја на несреќи за SKP на Aviation Safety Network
- Моментална состојба на времето за LWSK на NWS
Меѓународни аеродроми во Република Македонија | ||
---|---|---|
Охридски аеродром | Скопски Аеродром |