Костур (округ)

округ во Егејска Македонија
(Пренасочено од Костурско)

Костур или Костурски округ (грчки: Περιφερειακή Ενότητα Καστοριάς), Перiферејаки енотита Касторјас) — округ во областа Западна Македонија, денес Грција. Сместена е во северозападниот дел на Егејска Македонија и се состои од три општини: Костур, Нестрам и Рупишта. Администратицен центар е градот Костур. Општините се сочинети од вкупно 15 општински единици, составени од поголем број села.

Костур
Περιφερειακή ενότητα Καστοριάς
Округ
Општини во Костурскиот округ
Општини во Костурскиот округ
Костурскиот округ во Грција
Костурскиот округ во Грција
Координати: 40°30′N 21°15′E / 40.500° СГШ; 21.250° ИГД / 40.500; 21.250
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
Админ. центарКостур
Површина
 • Вкупна1.720 км2 (660 ми2)
Население (2021)
 • Вкупно48.464
 • Густина28/км2 (73/ми2)
Пошт. бр.52x xx
Пов. бр.24670
ISO 3166GR-56
Рег. таб.ΚΑ
Мреж. местоkastoria.gr
Управата на Костурскиот округ во Костур

Географија

уреди

Костурскиот округ се граничи со окрузите Леринскиот на север, Кожанскиот на исток и југ, Гребенскиот на југ, Јанинскиот на југозапад и со албанскиот округ Девол на запад.

Подрачјето на Костур е претежно планинско, со изразено континентална клима, што значи дека има студени зими и топли лета.

Во средината на округот се наоѓа Костурската Котлина со убавото Костурско Езеро, на кое се наоѓа и самиот град Костур. Од северозапад, котлината е ограничена од планината Орлово, која го дели Костурско од подрачјето на Девол во Албанија и грчкиот дел на Мала Преспа — општината Општина Преспа. На североисток е Нередска Планина (Вич), која пак го дели Костурското од Леринското Поле. На исток планината Мурик е границата со Кајларското Поле. На запад планината Грамошта и на југозапад планината Горуша го делат Костурско и воопшто Егејска Македонија од Епир и областа Колоња во Албанија. На југ котлината е релативно отворена по долината на Бистрица кон Гребенско.

Географската граница меѓу Македонија и Епир не се совпаѓа точно со административната граница на округот — дел од селата Нестрамско географски припаѓаат на Епир, но административно се водат под Костур.

Најважни реки што се слеваат во Костурско се Бистрица и нејзината западна притока Белица. Во Грција, Белица се смета за почеток на Бистрица.

Во Костурско има четири јасно издвоени историско-географски области: Корешта, Костенарија, Пополе и Нестрамско.

Главна патна магистрала е GR-15, која оди во правец север-југ и го поврзува Костур со Лерин на север и со магистралата „Егнатија“ на југ.

Општини и општински единици

уреди

Округот се состои од три општини (посочени се и нивните броеви на картата).[1] Секоја општина е составена од извесен број општински единици, а секоја од нив има извесен број населени места (понекогаш само едно).

Називите на општинските единици не секогаш се водат според некое населено место. Може да бидат сосема измислени, или пак дадени во чест на некоја личност (на пр. пропагандистот Јон Драгумис). Затоа, ваквите единици немаат македонски имиња.

Општините се следниве:

Костур

уреди
 
Поглед на Костур и брегот на Костурското Езеро

Општината Костур (грч. Καστοριά) е поделена на следниве општински единици:

Нестрам

уреди
 
Поглед на Нестрам од планината Горуша

Општината Нестрам (грч. Νεστόριο) е поделена на следниве општински единици:

Рупишта

уреди
 
Поглед на црквата „Св. Нектариј“ во Рупишта.

Општината Рупишта или Хрупишта (грч. Άργος Ορεστικό) е поделена на следниве општински единици:

Демографија

уреди

Бидејќи нема официјален попис за тоа колку Македонци живеат во овој округ, кога ќе споредиме некои историски податоци и денешни статистики, се доаѓа до одредена проценка. Така, во овој округ Македонците живеат во околу 75 населени места и сочинуваат околу 40% од вкупното население, па според последниот попис тоа се приближно 20.000 Македонци.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди