Сува Гора
Сува Гора — стара грамадна планина во северозападниот дел на Македонија. Во нејзините подножја се Полошката Котлина од западната страна и долината на реката Треска од источната страна. Иако е релативно висока, таа сѐ уште нема развиен зимски туризам.[1]
Особености
уредиПланината претставува типичен хорст издигнат помеѓу Полошката Котлина на запад, кањонската клисура на реката Треска на исток, на север се протега до Илин Гроб, а оттаму продолжува во планината Осој, чии клонови се спуштаат во полите на Сува Река и Тетовска Суводолица. Планината со неотектонските движења е зафатена со рамномерно издигање на целата површина. Нејзиното било претставува пространо, широка и разбиена карстна висорамнина на височина од 1.600 м, која кон југ од највисокиот врв Дупен Камен (1.857 м) стрмно се спушта во селото Корито. Се протега во правец запад-југ-ззапад-север-североисток. Морфопластиката на Сува Гора овозможила да се одликува со значителна површина од 1.000 до 1.500 м (40 км2). Бидејќи е изградена од варовници, развиени се сите површински карстни облици, меѓу кои преовладуваат вртачите, а се среќаваат и неколку мали карстни полиња.[2]
Наводи
уредиПоврзано
уреди- Сува Гора — истоимена планина во Мала Преспа, продолжеток на Галичица
Надворешни врски
уреди- Сува Гора на Ризницата ?
- Сува Гора не е сува планина Архивирано на 31 јануари 2016 г. — репортажа на Утрински Весник