Крушевското Езеро понекогаш нарекувано и Гумење претставува вештачка акумулација во непосредна близина на Крушево. Од езерото истекува Крушевско-норовската река.

Поглед на езерото навечер

Риболов

уреди

Крушевското Езеро има богат рибен фонд. Најзастапени се крап, караш, клен, охридска и калифорниска пастрмка, црвеноперка, плашица, толстолобик и др . Риболовот е дозволен во текот на целата година со исклучок на месец јуни, кога е периодот на мрестење кај рибите.[1]

Наводи

уреди
  1. „Риболов“. Визит Пелагонија. Архивирано од изворникот на 2016-04-23. Посетено на 2012-07-22.