Кралство Југославија

(Пренасочено од Кралство СХС)

Кралството Југославија било кралство на Балканот коешто постоело од крајот на Првата светска војна до почетокот на Втората светска војна. Се простирало на териториите на денешните држави: Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и најголемиот дел од денешна Словенија и Хрватска.

Кралство Југославија¹
Kraljevina Jugoslavija
Краљевина Југославија

 

1918–1943
Знаме Грб
Гесло
Српски: Један народ, један краљ, једна држава
Хрватски: Jedan narod, jedan kralj, jedna država
Словенечки: En narod, en kralj, ena država

„Една нација, еден крал, една земја“
Химна
Национална химна на Кралството Југославија
Кралството Југославија во 1930те.
Главен град Белград (1918–1941)
Гл. град во бегство Лондон (1941–1944)
Јазици Српско-Хрватско-Словенечки
Уредување Уставна монархија (1918–1929, 1934–1945)
Апсолутна монархија (1929–1934)
Крал
 -  1918–1921 Петар I
 -  1921–1934 Александар I
 -  1934–1945 Петар II
Регент
 -  1934–1941 Принц Павле
Историски период Меѓувоен период
 -  Унија 1 декември 1918
 -  Диктатура 6 јануари 1929
 -  Инвазија 6 април 1941
 -  Објавена република 29 ноември 1945
Површина
 -  1921 247542 км²
Население
 -  1921 11984911 
     Густина 48.4 жит/км²
 -  1931 13934038 
     Густина 56.3 жит/км²
Валута Југославенска круна (1918–1920)
Југословенски динар (1920–1944)
1Претходно позната како Кралство на Срби, Хрвати и Словенци 1918 - 1929.
2: српскохрватски јазик и словенечки јазик

ИсторијаУреди

 
Прогласување на Кралството СХС
 
Сообраќајна дозвола за велосипед, издадена во 1935 година.
 
Карта на југословенските бановини.

Државата на Србите, Хрватите и Словенците била создадена на 1 декември 1918 година, како наследна уставна унитарна монархија. Држава со доминантен аграр, и слабо развиена индустрија, банкарство, трговија и сообраќај. Во 1921 година бил донесен Устав на Кралството СХС и дејствувале национални политички партии на трите конститутивни народи и југословенски интегристички партии.

Шестојануарската диктатураУреди

  Главна статија: „Шестојануарска диктатура.

На 6 јануари 1929 година кралот Александар го суспендирал Уставот и воспоставил диктатура. Во 1931 г. било вратено уставното уредување со донесување на нов Устав.

На 9 октомври 1934, кралот бил убиен во Марсеј, Франција, од страна на Величко Керин (познат под псевдонимот Владо Черноземски), член на ВМРО, во заговор со прогонети југословени и радикални членови на забранетите политички партии и во соработка со хрватската екстремна националистичка усташка организација.

ПропастУреди

Владата на ЦветковиќМачек на 25 март 1941 г. потпишала акт за пристапување на Кралството кон Тројниот пакт, што предизвикало големи мартовски демонстрации. На 27 март 1941 г. бил извршен државен удар, а власта ја презел генералот Душан Симовиќ. На 6 април 1941 е извршен нападот на Германија на Кралството Југославија, а на 17 април бил потпишан актот за капитулација на Кралството Југославија. Меѓународно правно Кралството Југославија постоело за сето време на Втората светска војна, претставувано од Кралската влада во егзил во Лондон. Државниот континуитет со ФНРЈ бил потврден со двата договора Тито-Шубашиќ потпишани во 1944 г., првиот на 16 јуни на Вис, а вториот на 1 ноември во Белград.

ДемографијаУреди

Србите, Хрватите и Словенците биле уставните нации сѐ до 1929, кога од нив била создадена новата националност Југословени. Следните податоци, групирани по мајчин јазик, се од пописот на населението во 1921:[1]

Религиозни групиУреди

ЕкономијаУреди

ОбразованиеУреди

Иако Југославија водела политика на задолжително јавно образовение, тоа било недостапно за многу жители особено во руралните средини. Според официјалната статистика писменоста изнесувала околу 50%, но таа широко варирала низ земјата. Помалку од 10% од Словенците биле неписмени, додека над 80% од Македонците и Босанците не знаеле да читаат или пишуваат. Околу 10% од учениците продолжувале со повисоки форми на образование на еден од трите универзитети во државата во Белград, Љубљана, и Загреб.[2]

СпортУреди

Најпопуларен спорт во Кралството бил фудбалот. Југословенскиот фудбалски сојуз бил основан во Загреб во 1919. Седиштето му било во Загреб до прогласувањето на диктатурата од 6 јануари, кога било преместено во Белград. Од 1923 започнало да се одржува фудбалско првенство секоја година. Националниот фудбалски тим својот прв натпревар го одиграл на Олимписките игри во 1920. Исто така учествувал на првото Светско првенство во фудбал, каде го освоил четвртото место.[се бара извор]

Кралството учествувало на Олимписките игри од 1920 до 1936. За тоа време, биле освоени осум медали, сите во гимнастика, а шест од нив ги добил Леон Штукељ.

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Резултати Пописа становништва Краљевине СХС 1921
  2. Vera Tomich (1963). Education in Yugoslavia and the New Reform: The Legal Basis, Organization, Administration, and Program of the Secondary Schools. U. S. Department of Health, Education, and Welfare, Office of Education. стр. 102. Посетено на 7 December 2020.