Есен
|
|
Есен — едно од четирите умерени годишни времиња, преодот од лето кон зима.
Во умерените климатски појаси, есента е сезоната кога највеќето култури се берат, а листопадните дрва ги губат лисјата. Ова е и сезоната кога деновите набргу стануваат пократки и постудени, ноќите подолги, а врнежите се зачестуваат.
Дефиниции
уредиАстрономски, некои западни земји сметаат дека есента почнува со септемвриската рамнодненица (околу 23 септември) на северната полутопка, и мартовската рамноденица (21 март) на јужната полутопка, завршувајќи со декемвриската сончева пресвртница (околу 21 декември) на северната полутопка и јунската сончева пресвртница (21 јуни) на јужната. Меѓутоа ваквата поделба не е универзална. Исклучокот од овие дефиниции е ирскиот календар кој сѐ уште го следи келтскиот циклус, каде есента во се вбројува цел август, септември и октомври. Во кинеската астрономија, есенската рамноденица ја означува средината на есента, за окја се смета дека започнала околу 7 август).
Од друга страна, метеоролозите го сметаат за есен сет април и мај на јужната, и септември, октовмри и ноември на северната полутопка. Иако по летната сончева прествртница деновите почнуваат да се скратуваат, обично во септември (северна полутопка) или март (јужна полутопка) квечерините стануваат приметливо пократки и самата промена е понагла отколку одолговлечените квечерини на лето.
Есента обично го означува почетокот на школската година, бидејќи таа започнува рано во септември или март. Било која од овие дефиниции не е без мана бидејќи тие претполагаат дека годишните времиња се еднакво долги, и започнуваат и завршуваат во исто време ширум умерените зони на обете полутопки.
Есента како тема во уметноста и во популарната култура
уредиЕсента често се јавува како инспирација или тема во разни гранки на уметноста и во популарната култура.
Есента како тема во книжевноста
уреди- „Есенски предели“ (српски: Јесењи предјели) - песна на српскиот писател Иво Андриќ од 1918 година.[1]
- „Есента, четириесет и првата“ - песна на руската поетеса Олга Бергхолц од 1941 година.[2]
- „Есенска песна“ - песна на францускиот поет Пол Верлен.[3][4]
- „Липа и есен“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[5]
- „Есенско расположение“ - песна на Јохан Волфганг Гете.[6]
- „Есен“ - кус расказ на македонскиот писател Драган Георгиевски од 2013 година.[7]
- „Есен (масло)“ - песна на рускиот поет Леонид Губанов од 1964 година.[8]
- „Есен (акварел)“ - песна на рускиот поет Леонид Губанов од 1965 година.[8]
- „Испраќање на есента“ — песна на македонската поетеса Јованка Денкова.[9]
- „Есенска слика“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.[10]
- „Зимата се ближи“ — расказ за деца на Киро Донев од 2013 година.[11]
- „Доцна есен“ — расказ за деца на Киро Донев од 2013 година.[12]
- „Есен“ - песна на рускиот поет Иван Жданов.[13]
- „Перчинот на есента“ - песна на полскиот поет Јарослав Ивашкјевич.[14]
- „Есен“ (српски: Јесен) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ - Змај.[15]
- „Есенско утро“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески од 1953 година.[16]
- „Почеток на есента“ — песна на Блаже Конески.[17]
- „Зов“ — песна на Блаже Конески.[18]
- „Шум“ — песна на Блаже Конески.[19]
- „Есен“ - песна на рускиот поет Станислав Красовицки.[20]
- „Есенска песна“ (хрватски: Jesenja pjesma) - песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.[21]
- „Есенска тажаленка“ (француски: Plainte d'Automne) - песна во проза на францускиот поет Стефан Маларме.[22]
- „Есенска вечер“ (хрватски: Jesenje veče) - песна на Антун Густав Матош.[23]
- „Во есен по есенски“ — песна на македонскиот поет Живко Николовски.[24]
- „Есенски ден“ - песна на италијанскиот писател и режисер Пјер Паоло Пазолини од 1944 година.[25]
- „Есен (пет песни)“ - поетски циклус на рускиот писател Борис Пастернак од 1916-1918 година.[26]
- „Златна есен“ - песна на рускиот писател Борис Пастернак од 1958 година.[27]
- „Есен“ (Јесен) - песна на српскиот поет Владислав Петковиќ - Дис.[28]
- „Есенска за нас двајцата“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.[29]
- „Есен“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин.[30]
- „Доцна есен во Венеција“ - песна на германскиот поет Рајнер Марија Рилке.[31]
- „Крајот на есента“ - песна на германскиот поет Рајнер Марија Рилке.[32]
- „Есенска вечер“ - песна на германскиот поет Рајнер Марија Рилке.[33]
- „Есен во Чешка“ - збирка поезија на чешкиот поет Јарослав Сајферт од 1937 година.[34]
- „Се ближи есента“ - песна од истоимената збирка на полскиот поет Јежи Харасимович.[35]
- „Есен“ - расказ на полскиот писател Бруно Шулц.[36]
Есента како тема во популарната музика
уреди- „Есенска роза“ - песна на македонската поп група, „Македонија“.
- „Есента во мене“ (Jesen u meni) - песна на хрватската група „Парни валјак“.[37]
- „Есен“ (Jesen) - песна на српската рок-група „Катарина II“.[38]
- „Есенско дете“ (Autumn's Child) - песна на американскиот рок музичар Капетан Бифхарт (Captain Beefheart) од 1967 година.[39]
- „Есенско лисје“ (Autumn leaves) - песна на Ерик Клептон од 2010 година.[40]
- „Есенско лисје“ (Autumn leaves) - песна на американскиот рапер Крис Браун од 2015 година.[41]
- „Есенско лисје“ (Autumn leaves) - песна на американскиот пејач Нет Кинг Коул.[42]
Есента како тема во филмот
уреди- „Есенска соната“ (шведски: Höstsonaten) - шведски филм од 1978 година, во режија на Ингмар Бергман.[43]
- „Есен во Њујорк“ (англиски: Autumn in New York) - американски филм од 2000 година, во режија на Џоан Чен.[44]
Есента како тема во сликарството
уреди- „Есен“ (Jesen) - слика на хрватскиот уметник Златко Шулентиќ од 1921 година.[45]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Иво Андрић, Ex Ponto - Немири - Лирика. Београд: Просвета, 1977, стр. 178.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 227-228.
- ↑ Пол Верлен, Есенска песна. Скопје: Македонска книга, 1987, стр. 19.
- ↑ Pol Verlen, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 10-11.
- ↑ Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 77.
- ↑ Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 42.
- ↑ Драган Георгиевски, Метаморфузија, Темплум, Скопје, 2013.
- ↑ 8,0 8,1 Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 164.
- ↑ Јованка Денкова, Исповед на бршленот. Штип: Јованка Денкова, 2024, стр. 55.
- ↑ Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 75-76.
- ↑ Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 81.
- ↑ Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 78.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 200.
- ↑ Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 59-60.
- ↑ Јован Јовановиħ Змај, Песме. Београд: Рад, 1963, стр. 259.
- ↑ Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 23.
- ↑ Блаже Конески, Црн овен. Скопје: Арс Ламина - публикации, 2021, стр. 25.
- ↑ Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 63.
- ↑ Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 69.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 76.
- ↑ Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 95.
- ↑ Стефан Маларме, Песме. Београд: Култура, 1970, стр. 94-97.
- ↑ Antun Gustav Matoš I. Sarajevo: Svjetlost, 1962, стр. 44.
- ↑ Живко Николовски, Низа ситно нанижана. Скопје: Детска радост, 1985, стр. 51.
- ↑ Pjer Paolo Pazolini, Put i nebo. Beograd: Mali vrt, 2016, стр. 14.
- ↑ Борис Леонидович Пастернак, Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 109-115.
- ↑ Борис Леонидович Пастернак, Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 261-262.
- ↑ Владислав Петковић-Дис, Песме. Београд: Рад, 1960, стр. 91.
- ↑ Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 12.
- ↑ A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 233-236.
- ↑ Рајнер Марија Рилке, Искуство тишине. Београд: Paideia, 2014, стр. 98.
- ↑ Рајнер Марија Рилке, Искуство тишине. Београд: Paideia, 2014, стр. 46.
- ↑ Рајнер Марија Рилке, Искуство тишине. Београд: Paideia, 2014, стр. 45.
- ↑ „Izabrana bibliografija Jaroslava Sajferta“ во: Jaroslav Sajfert, Stub kuge. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 93-94.
- ↑ Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 237-238.
- ↑ Бруно Шулц, Митизација на реалноста. Скопје: Бегемот, 2015, стр. 15-23.
- ↑ YouTube, Jesen u meni - Parni Valjak (пристапено на 29.11.2016)
- ↑ YouTube, Ekatarina Velika - Jesen (пристапено на 29.11.2016)
- ↑ Captain Beefheart - Autumn's Child - YouTube (пристапено на 3.3.2016)
- ↑ YouTube, Eric Clapton -Autumn Leaves (пристапено на 29.11.2016)
- ↑ YouTube, Chris Brown - Autumn Leaves (Explicit) ft. Kendrick Lamar (пристапено на 29.11.2016)
- ↑ YouTube, Nat King Cole - Autumn Leaves (пристапено на 29.11.2016)
- ↑ IMDB, Autumn Sonata (1978) (пристапено на 9.10.2014)
- ↑ IMDB, Autumn in New York (2000) (пристапено на 23.1.2019)
- ↑ Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009.
„Есен“ на Ризницата ? |