Родопски планински предел
Родопскиот планински предел зафаќа најголем дел од територијата на Република Македонија. Тој се протега од границата со Бугарија на исток до Преспанската, Кичевската и Полошката Котлина на запад, и до границата со Грција на југ, до границата со Србија на север.
Родопскиот планински предел е дел од старото родопско копно. Тоа е најстаро копно, не само на територијата на Република Македонија, туку на целиот Балкански Полуостров. Овој предел е составен од стари грамадни планини, бројни котлини и речни долини. Поради долготрајното дејство на надворешните сили, старите грамадни планини имаат заоблени планински врвови и широки била, а повеќето од нив се со благо наведнати планински страни и со помала височина.
Според геолошкиот состав, Родопскиот планински предел претежно е составен од стари магматски и метаморфни карпи, а делумно од помлади седиментни карпи. Најзначајни се: гнајсеви, гранити, микашисти, дијабази, амфиболи, шкрилци, мермери, варовници итн. Освен тоа, на многу места се застапени и вулканските карпи, чија појава се објаснува со интензивните вулкански ерупции, потоа има длабоки раседни линии, термо-минерални извори, како и појава на разни метални (олово, цинк, бакар, железо) и неметални руди (опалит, кварцит, гранит, фелспат и др.).
Според географската положба и природните одлики на одделните делови Родопскиот планински предел се дели на три помали географски целини: Источно-вардарска група планини и котлини, Ниска Македонија или Повардарие и Западновардарска група планини и котлини или Пелагонски масив, односно Пелагониди.
Родопска зона
уредиРодопската Зона ги зафаќа источните делови на Македонија, вклучувајќи ги планините Беласица, Плачковица, Огражден, Малешевски Планини и Осоговски Планини. Овие планини според настанокот се нарекуваат стари грамадни планини поради тоа што се одликуваат со благо заоблени врвови и со не толку стрмни страни. Исто така, две планини меѓусебно се одвоени со котлина. Во неа старата кристалеста маса на Родопите со раседи е раздробена на одделни блокови, поточно на одделни планини како хорстови и на котлини како ровови. Тоа се тектонски единици, поточно структури, како антиклинариуми и синклинариуми. Секоја структурна единица има свои специфични белези кои меѓу себе се раздвоени со раседи од различни димензии. На некои од овие раседи се јавуваат термоминерални извори како на пример Кочанска Бања, бањата Банско и др.Источната родопска зона е испресечена со длабоко всечени речни долини.Покарактеристични се долините на:Крива Река,Злетовкса Река,Брегалница со притоките,Крива Лакавица и реката Струмица