Серта

планина во југоисточна Македонија

Серта или Конечка Планина — средновисока планина којашто се наоѓа во југоисточниот дел на Македонија, а се издига помеѓу долините на Вардар и Крива Лакавица во Радовишко.

Серта
Конечка Планина
Поглед на средишниот дел на планината Серта
Највисока точка
Надм. вис.1.159 м
Матичен врвВолчјак
Координати41°31′22″N 22°17′3″E / 41.52278° СГШ; 22.28417° ИГД / 41.52278; 22.28417
Друго имеКонечка Планина
Географија
Серта на карта

Карта

МестоМакедонија Македонија

Протегање и природни одлики

уреди

Серта е гранична планина помеѓу двете релјефни целини Ниска Македонија и источно-вардарска група планини и котлини во Штипската околија, на околу 15 км југоисточно од Штип. Позната е и под името Конечка Планина бидејќи започнува кај селото Конче каде и се наоѓа највисокиот врв Волчјак на 1.159 метри надморска височина. Највисокиот дел на планината е над селото Лесковица, и потоа опаѓа во насока на Радовиш.[1]. Заедно со планините Градешка Планина, Плавуш и Смрдеш претставуваат планини од Вардарската зона и имаат заеднички правец на динарско протегање[2] од северозапад кон југоисток. Планинските била им се заоблени[2]. Покрај највисокиот врв Волчјак, на Серта уште се издвојуваат и врвовите Кула во средишниот дел и Стракалево (Штркалево - 711 м.) во северниот дел[2]. Просторот кој на север се протега кон реката Брегалница е познат под името Сландол[2].

Туризам

уреди

Во текот на 2014 година, Општина Конче започнала активности за изградба на десет планински куќи на планината со цел поттикнување на туризмот во целата област. Куќите се предвидува да бидат градени во крошните на буките, со површина од 16 м2 и 2 м висина, градени исклучително со природен материјал.[3] Покрај пристапниот пат до секоја од овие куќи, се предвидува да бидат изградени и летниковци во нивна близина.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Географско друштво на СР Македонија (1989). Географски разгледи (27-30. изд.). Скопје: Друштво.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Стојмилов, Александар (2011). Географија на Република Македонија. Скопје: Универзитет за туризам и менаџмент. стр. 63.
  3. „Во Конче никнуваат куќи на дрво!“. Вечер. Скопје: Вечер Прес. 24 септември 2014. Архивирано од изворникот на 2014-09-24. Посетено на 21 мај 2016.

Надворешни врски

уреди